Како да ја вратите вашата надеж кога се чувствувате немоќно?

Како да ја вратите вашата надеж кога се чувствувате немоќно?

Кога ќе видите дека се случува нешто надвор од ваша контрола, се чувствувате немоќно. Немоќноста и безнадежноста се тешки за надминување бидејќи тие ви ја крадат способноста да ја контролирате вашата судбина.

Како да ја вратите вашата надеж кога се чувствувате немоќно?

За среќа, вие сте човек и имате неверојатна способност да се соочите со тој предизвик – посветеност и издржливост. Ова се вашите најкорисни и најубави одлики. Па, ако се чувствувате немоќно, но можете да се борите, време е да си ја вратите моќта.

1. Направете нешто што долго сте го одложувале

Имале листа на обврски? Одлично. Имате некои работи што ги одложувате? Уште подобро. Реалноста е дека многу од нас имаат незначајни работи што чекаат да бидат завршени. За ваша среќа, овие едноставни задачи се од голема помош кога се чувствувате немоќно. Кога ќе ги завршите, ќе ги имате потребните енергија и мотивација да си ја вратите надежта.

Кога завршувате нешто, особено ако сте го одложувале долго време, генерирате одредено количество енергија. Ова ви е како универзално потврдување дека сте способни и ви дава чувство на моќ.

2. Читајте ги приказните на оние кои биле пред вас

Приказните се многу помоќни отколку што мислат некои од нас. Вистинската приказна во вистинско време може да ве инспирира да преземете нешто, да ви даде сила, просветлување или да ве поттикне да создадете нова голема идеја.

Без разлика низ што минувате, постои личност која го поминала истото. А Интернетот е одлично место да најдете вакви приказни. Денес треба само да напишете неколку зборови на Гугл и ќе добиете многу приказни од кои можете да учите. Овој процес не само што ќе ви помогне да си ја вратите надежта, туку ќе ви докаже дека секогаш има излез.

3. Најдете некој со кој можете да се поврзете

Повеќето луѓе ги чуваат проблемите за себе. Без разлика која е причината, и покрај фактот што сме социјални суштества, имаме навика да ги криеме вистинските чувства.

Овој начин на однесување може да биде штетен, особено ако сте изгубиле надеж за себе и за животот. Ова е време кога треба најмногу да се поврзете со другите. Со комуницирањето можете да си ја вратите надежта и да сфатите дека она низ коешто минувате не е толку уникатно – сите минуваме низ истите предизвици и пречки.

Разговарањето со некого кога сте изгубиле надеж е едно од најлесните и најмоќните нешта што можете да ги направите. Голема е веројатноста дека саканите ќе сакаат да ве ислушаат и ќе ви помогнале и претходно доколку знаеле како се чувствувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар