Како да ја третирате кожата изгорена од сонце?
И покрај тоа што знаете колку е штетно да бидете изложени на силното сонце без заштита, сепак претеравте со сончање, без редовно да нанесувате од кремата со заштитен фактор. Кожата ви е црвена, сува и ве боли до степен што не можете да поднесете облека на себе.
За да ја смирите болката моментално, најпрво мора веднаш да се тргнете од сонцето и да пиете многу вода, бидејќи сте изгубиле големо количество преку кожата. Дополнително можете да се напиете нестероидни антивоспалителни лекарства.
Немојте да посегнувате по густите хидратантни путери за тело, бидејќи тие можат да ја заробат топлината во телото. Наместо тоа, аплицирајте лосион за навлажнување на кожата, кој претходно можете да го изладите во фрижидер, за да ве лади и хидрира кога ќе го нанесувате.
Исто така, третманот со алое вера е многу добар. Кожата продолжува да пржи со саати откако ќе се вратите од плажа, па многу е добро да ѝ ставите гел со алое вера веднаш штом се вратите.
Дополнително, вие и самите можете да си подготвите домашни препарати за третирање на изгорена кожа кои ќе го смират и закрепнат оштетениот дермис. Имаме 4 добри рецепти за тоа.
Смирувачка маска од алое вера
Потребни состојки:
- 3 лажички сок од алое вера
- 1 лажичка гел од алое вера
- 2 капки масло од роза
Измешајте ги состојките во мало шишенце и потоа нанесувајте со памук на оштетената кожа околу 20 минути. Ова ќе го намали црвенилото, ќе ви ја излади кожата и ќе го забрза нејзиното заздравување.
Лек за ладење со јогурт
Потребни состојки:
- 120 мл јогурт
- 2 лажички мед
Нанесувајте од мешавината 15 минути, а потоа измијте се со млака вода. Медот хидрира додека јогуртот го намалува воспалувањето.
Лек од авокадо
Потребни состојки:
- 3 лажички маслиново масло
- ½ авокадо, излупено и исчистено од семката
Нанесете го миксот и оставете да седи 15 минути, па исплакнете со млака вода. Авокадото е антивоспалител кој има хидрирачки својства и витаминизра, додека маслиновото масло инстантно ја омекнува оштетената кожа.
Облога од краставица и камилица
Потребни состојки:
- 120 мл чај од камилица
- 1 лажичка розмарин
- 1 лажичка млеко
- 3 парченца краставица
Обложете се со смесата на оштетената кожа и оставете да делува 20 минути. Краставицата лади и го отстранува воспалувањето, како и камилицата, млекото и розмаринот.