Како да ја средите вашата врска и уште повеќе да се вљубите во партнерот?

Како да ја средите вашата врска и уште повеќе да се вљубите во партнерот?

Вљубувањето во новото момче или девојка може да биде навистина возбудливо и забавно. Во почетната фаза на врската се чувствувате надежно и сте полни со енергија. Мислите дека светот е полн со можности. Сакате да го зачувате тоа чувство и да трае целиот живот. Но, знаете дека не можете.

Како да ја средите вашата врска и уште повеќе да се вљубите во партнерот?

Кога сте веќе неколку месеци заедно, дел од страста и возбудата исчезнуваат. Во тие моменти нормално е да помислите како можете да ја средите врската и повторно да се чувствувате како на почетокот. Овие совети ќе ви помогнат во тоа и ќе ви покажат како уште повеќе да се вљубите во вашиот партнер.

Смирете го умот

Најдобро место за почеток е смирување на вашиот ум. Можете да пробате со медитација. Покрај тоа постојат многу видеа, апликации и луѓе кои можат да ви помогнат во ова. Многу често пешачењето, слушањето музика, градинарството и творењето ќе го смират вашиот ум. Пробувајте нови нешта сè додека не го пронајдете она што ви одговара најмногу. Кога ќе ја најдете совршената активност, одвојувајте време за неа секој ден. Смирувањето на умот ќе ви помогне да се вратите во сегашноста и да обрнете внимание на вашите и на потребите на партнерот.

Водете дневник

Кога имате премногу мисли, запишете ги. Ова ќе ви помогне да ги сфатите и да извлечете некоја поука од нив. Цртањето, сликањето и другите креативни активности можат да ви помогнат да ги изразите вашите чувства за врската. Креативното изразување ќе ви помогне да влезете подлабоко во себе и да научите нешто од вашите емоции. Запишете го или нацртајте го првото нешто на коешто ќе помислите. Нема погрешно или правилно. На овој начин ќе почнете да разликувате што е вистина, а што лага. Откривањето на вашиот внатрешен дијалог ќе ви помогне да сфатите како вашето однесување влијае на врската. Ќе научите кои особини се добри а од кои треба да се ослободите.

Поврзете се со себе

Ако сте како повеќето луѓе, сигурно имате многу зафатен живот. Кога сте премногу зафатени многу е лесно да изгубите допир со вашето вистинско јас. И овде ќе ви помогнат медитација и водењето дневник. Кога имате подлабока врска со себе, полесно е да создавате подлабоки врски и со другите. Кога ќе се поврзете со себе ќе сфатите што се случува со вашите емоции, тело и ум. Ова можете да го нарече и интуиција. Ќе знаете дека нешто не е во ред кога телото ќе ви биде напнато. Ќе бидете внимателни ако чувствувате психичка болка. Ќе обрнете повеќе внимание на нештата кога интуицијата ќе ве предупредува. Со отворен ум ќе знаете што ви е важно. Ќе знаете каде сте во врската и што сакате да правите понатаму.

Препознајте ги вашите потреби

И вие имате потреби! Прашањето е дали тие се задоволени во вашата врска. Но, пред да му кажете на партнерот што навистина ви треба, потребно е да го откриете тоа. Дури и ако претходно сте го направиле ова, имајте на ум дека потребите се менуваат. Дали имате доволно време за пријателите? Дали ги следите вашите интереси? Дали се чувствувате ценето? Ако не, што може да направи партнерот во врска со тоа? Што недостасува во вашиот живот? Како ве охрабрува партнерот? Дали сте исполнети во врската? Потребно е барем еднаш неделно да споделувате со партнерот што можете да направите еден за друг.

Практикувајте ефективна комуникација

Потребно е вие да му кажете на партнерот што ви е потребно. Не можете да очекувате да ви ги прочита мислите. Бидејќи комуникацијата е улица со две насоки, потребно е да слушнете и кои се потребите на партнерот. Не комуницирате само вербално, комуницирате со целото ваше тело. Комуницирате со вашите емоции. Луѓето околу вас ја чувствуваат вашата енергија. Нема потреба да го криете она што ви се случува. Одвојте време за овие важни разговори. Дајте си простор за споделување. Ако слушате внимателно што ви кажува телото и вашиот партнер, ќе најдете заеднички јазик. Како што разговарате и се слушате, обрнете внимание на вашите емоции, тело и ум. На овој начин ќе ги откриете корените на проблемите. Што треба да се промени? Што ви е потребно од партнерот? За што сте одговорни вие?

Вратете ја привлечноста

Дали се сеќавате колку ве привлекувал партнерот на почетокот на врската? Вратете се во тие денови и обидете се да се сетите какви емоции сте чувствувале. Дали сте биле свесни за тие чувства? Што направило да се чувствувате така? Колку често ги чувствувате сега?

Најважно од сè, потребно е да се запрашате што ве спречува да ја имате врската што ја посакувате. Дали сте уморни? Дали поминувате премногу време на работа? Дали сте депресивни? Дали се храните добро?

Потребно е да преземете одговорност за вашето физичко, емоционално и духовно здравје. Не можете да промените никого освен самите себе. Кога ќе влезете длабоко во себе ќе знаете дали се помирувате со врската, или само станува збор за привремена криза. Вашиот ум ќе се обидува да ве убеди дека сè е во ред, но вашите емоции и тело ќе ви ја кажат вистината. Ако вие и вашиот партнер имате здрава комуникација ќе сфатите што треба да направите.

Врските бараат постојано внимание. И вие и вашиот партнер ќе созревате и ќе се менувате, па ќе треба да се прилагодите еден на друг. Ниту една врска не е совршена но вашето вистинско јас ќе ви помогне да сфатите дали сте на вистинскиот пат.

Погледнете и кои се проблемите во врската за кои едноставно нема решение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар