Како да ја прилагодите вашата шминка на студените зимски денови?
Со пониските температури доаѓа и промена на облеката, па токму затоа логично е да следува и промена на мејкапот. На сите нас ни е неопходна шминка која ќе ја заштитува нашата кожа од студенилото и која ќе ни помогне да ги дочекаме топлите денови со здрав и свеж изглед. Тоа можете многу лесно да го постигнете со помош на следниве 5 производи.
1. Нахранете ја кожата со хидратантна крема. Кожата на лицето најдобро може да се освежи со помош на хидратантна крема. Секогаш имајте крема во ваша близина со цел да го спречите црвенилото кое се појавува за време на ниските температури.
2. Бронзерот заменете го со руменило во форма на крем. Иако летото одамна помина, а со него замина и трендот вашето лице да свети, тоа не значи дека за време на ладните денови вашата кожа треба да изгледа безживотно. Сè што ви е потребно е малку руменило со цел да му дадете на вашиот лик природен и здрав изглед.
3. Користете туш за очи во форма на гел. За време на ладните денови станува навистина тешко да се користи обичен туш за очи. Токму затоа и треба да го замените со сè повеќе популарниот гел кој нема да се размачкува ниту пак ќе остава црни траги околу вашите очи.
4. Избегнувајте балсам за усни во боја. Доколку сакате да нанесете ведра боја на вашите усни во текот на студениот период, наместо балсам одберете мат кармин. Нежните розови нијанси се совршен контраст на темната зимска облека.
5. Користете светли сенки. Најлесниот начин вашето лице да изгледа живо во текот на ладните месеци е доколку нанесете светла боја на вашите очи. Со помош на светлите сенки вие ќе изгледате свежо дури и во оние денови кога нема сончева светлина.