Како да ја преживеете летната бременост?
Бременоста може да биде магично искуство, но може да биде и навистина мизерно. Неверојатно е да чувствувате како во вас расте вашето дете, но тоа може да биде и многу неудобно. А ако сте бремени во лето, станува збор за целосно поразлично искуство. Сигурно веќе знаете дека треба да очекувате неудобност во текот на бременоста, но летото може да ви го направи тоа уште потешко. За среќа постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да ја преживеете летната бременост.
1. Отекување
Отекувањето е навистина често во бременоста, и тоа во секоја сезона. Но високите температури можат да направат да се чувствувате како да ќе експлодирате. Иако нема начин целосно да се ослободите од непријатното чувство, можете да ги намалите симптомите ако секојдневно одвојувате време за да ги кренете нозете. Исто така намалете го внесувањето сол. Ако ништо друго не помага, посетете го вашиот лекар кој ќе ви помогне.
2. Прегревање
Високите температури можат многу брзо да ви ја исцедат енергијата, а многу лесно е да прегреете додека сте бремени во лето. Вишокот крв што минува низ вашето тело го тера да работи повеќе дури и во нормални услови, па летната горештина си го прави своето. За да го избегнете ова, обидете се да ги завршите обврските на отворено наутро или навечер кога температурата не е толку висока.
3. Дехидратација
Можеби е навистина тешко да ги испиете потребните 8 чаши вода во текот на денот, но особено важно е да пиете многу вода додека сте бремени. Ако сте бремени во текот на летото, водата е уште поважна. Дехидратацијата во текот на бременоста може да предизвика сериозни компликации. Секогаш носете шише вода со вас без разлика каде одите и следете го внесот на вода.
4. Облека
Панталоните за трудници се навистина удобни во текот на зимата, но не и во лето. Може да предизвикаат чешање и да направат да ви биде уште потопло. Па ако се чувствувате навистина мизерно, одберете лесен краток летен фустан, долг фустан или широки, кратки панталони кои се врзуваат под стомакот. Не заборавајте и на материјалот. Најдобро е да носите облека од памук и лен.
5. Вртоглавица и проблеми со крвниот притисок
Вртоглавицата може да се појави во секоја фаза од бременоста, но летните температури можат навистина да ви ја влошат состојбата. За да го избегнете ова, обидете се да се ладите што е можно повеќе. Кога сте надвор, не излегувајте од сенката или користете ладало. Избегнувајте да прегладнете бидејќи со ова само ќе ја влошите вртоглавицата.
Продолжува на следната страница…