Како да ја препознаете вашата сродна душа?

Како да ја препознаете вашата сродна душа?

Дали отсекогаш сте сонувале да ја сретнете вашата сродна душа? Тоа е можно само ако верувате дека таму некаде постои некој кој е совршен за вас. Па, доколку сакате да проверите дали сте ја нашле оваа личност, тогаш погледнете ги следниве неколку знаци кои ќе ви помогнат да ја препознаете вашата сродна душа.

Како да ја препознаете вашата сродна душа?

Едноставно го знаете тоа – Нешто длабоко во вас ви говори дека тој е совршен за вас. Како да постои духовна сила која ве тера да оставите сè останато зад себе и да му се посветите нему во целост.

И порано сте чувствувале поврзаност, дури и ако не сте се познавале – Сродните души отсекогаш биле поврзани. Токму оваа поврзаност се чувствува уште во првиот момент кога ќе се видите.

Вашите души се сретнале во вистинскиот момент – Секоја личност мора да биде целосно подготвена со цел да воспостави врска со својата сродна душа. Вие морате да расчистите со претходните односи, да ги напуштите лошите врски и да го отфрлите списокот кој ја сочинува „совршената“ личност според вашите стандарди. Кога станува збор за сродните души, тајмингот е сè!

Можете да ги „чуете“ неговите мисли – Ако тој страда и вие страдате со него, ако тој е среќен и вие сте среќни со него. Едноставно како да ги делите вашите емоции.

Ги знаете сите негови недостатоци, но и придобивките кои тие ги носат – Да, така е. Нашите маани можат да имаат и добра страна. Секоја личност има своја позитивна и негативна страна, а вие умеете во недостатоците на вашиот партнер да ја најдете нивната добра страна. Исто како и тој во вашите.

Делите исти животни цели – Немате искуство со љубомора. Неговите убави колешки и пријателки воопшто не ви сметаат бидејќи знаете дека сте единствени во неговиот живот. Вие исто така ги почитувате неговите мислења и ставови, како и тој вашите, дури и кога се различни.

Немате потреба постојано да бидете заедно – Го почитувате своето време и не сте патолошки врзани еден за друг. Вие многу добро знаете дека е важно секој да има простор само за себе и за свој личен развој.

Не викате, не се навредувате и не се заканувате со раскинување или развод – Вие се предавате во целост бидејќи сакате вашиот партнер да бидете среќен и сте многу трпеливи со него, исто како и тој со вас.

Знаете како и кога да се извините – Вие се надополнувате еден со друг. Ниту една личност не е совршена и вие тоа многу добро го знаете. Гледани од страна, многу наликувате на јин и јан. Заедно сте совршени и создавате хармонија.

Кога сте во прегратката на својата сродна душа, сè што е лошо исчезнува – Целата болка, нервоза и стрес едноставно исчезнуваат и вие се чувствувате како да сте на најсигурното место во целиот универзум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар