Како да ја препознаете разликата меѓу дечкото кој е вечно сингл и женкарот?
Веќе некое време се гледате со дечко кој неколку години немал врска подолга од еден месец. Сигурно се прашувате дали бил толку повреден од претходната врска што сега повнимателно ги одбира партнерките или пак, се работи за заводник кој цело време ги менува девојките. Премногу е рано за да започнете разговор за вашите бивши партнери, па затоа не знаете што да мислите и како да се однесувате. Пред да донесете избрзани заклучоци, прочитајте ги овие 9 разлики меѓу дечкото кој е вечно сингл и женкарот…
1. Дечкото кој е вечно сингл излегува со повеќе девојки додека не ја пронајде вистинската. Заводникот излегува со различни девојки за да си додаде цртки над креветот.
2. Дечкото кој е вечно сингл јасно ќе ви даде до знаење ако не е подготвен за врска. Женкарот ќе ве наведе да си помислите дека ќе започнете врска и потоа ќе го снема без трага и глас.
3. Дечкото кој е вечно сингл можеби бил повреден во минатото, па затоа се плаши да се отвори. Женкарот има скршено многу срца и никогаш нема да ви се отвори.
4. Дечкото кој е вечно сингл сака да биде финансиски стабилен пред да основа семејство. Женкарот троши пари без мерка.
5. Дечкото кој е вечно сингл ќе се потруди да ве запознае. Женкарот воопшто нема да се обиде да дознае нешто повеќе за вас.
6. Дечкото кој е вечно сингл нема да ви дава лажна надеж. Со него секогаш ќе знаете на што сте. Женкарите се многу пресметливи и ќе ви ги кажуваат точно тие работи што сакате да ги чуете иако нема да ги мислат истите.
7. Дечкото кој е вечно сингл знае со кого сака да го поминува времето. Женкарот не знае што сака, но секогаш оди кон тоа што ќе го привлече неговото внимание.
8. Врската со дечкото кој е вечно сингл ќе ви биде точно дефинирана и реална. Во врската со женкарот постојано ќе се прашувате дали нештата се предобри за да бидат вистинити.
9. Дечкото кој е вечно сингл е мотивиран и има цели во животот. Женкарот сака да си игра цело време и не се грижи за никој освен за себе.
Никој не сака да остане сингл засекогаш, но сепак повеќето момци не сакаат да се „врзат“ премногу рано. Не заборавајте дека на дечкото кој е вечно сингл не му е приоритет да биде во врска моментално, но еден ден ќе одвои време за неговата понежна половина.
Дознајте и кои се седумте карактери на мажи од кои треба да бегате.