Како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена

Како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена

Вестибуларна мигрена е невролошка состојба што може да доведе до нарушување на чувството за рамнотежа. За разлика од другите видови на мигрена кои предизвикуваат силни главоболки, овој тип честопати е пропратен со симптоми на вртоглавица. Во продолжение прочитајте како да ја препознаете и како да се справите со ваквиот вид мигрена.

Како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена

Симптоми на вестибуларна мигрена

Според Американската фондација за мигрена, овој тип е втората најчеста причина за вртоглавица кај возрасните. Ова се нејзините симптоми:

  • Зашеметеност
  • Гадење или повраќање
  • Главоболка
  • Чувство на губење рамнотежа
  • Оштетување на слухот
  • Оштетување на видот
  • Чувствителност на светлина
  • Заматен вид

Кои се најчестите причинители на овој вид мигрена?

Сè уште не е истражена докрај вестибуларната мигрена, но се чини дека постојат одредени фактори кои можат да ја зголемат веројатноста од нападот на мигрена, како на пример:

  • Недостаток на спиење
  • Дехидратација
  • Стрес
  • Менструација
  • Временски промени

Ризик фактори

Истражувањата покажале дека средовечните жени имаат поголема веројатност да доживеат напади на вестибуларна мигрена за разлика од мажите. Ризик факторите вклучуваат:

  • Генетика – едно истражување покажало дека генетиката може да игра голема улога во развојот на вестибуларна мигрена.
  • Возраст и пол – студиите сугерираат дека жените имаат поголема веројатност да искусат мигрена од ваков вид.
  • Нарушување на внатрешното уво – Мениеровата болест или хроничното нарушување на внатрешното уво може да биде пропратена со вестибуларна мигрена.

Кога треба да посетите лекар

Доколку се сомневате дека се справувате со напади на вестибуларна мигрена веднаш закажете состанок на лекар. Вашиот лекар ќе започне со физички преглед (мерење на вашиот крвен притисок, проверка на вашиот слух). Не постои специфичен тест за дијагностицирање вестибуларна мигрена, но следењето на симптомите како вашата семејна историја на случаи со мигрена може да му помогне на вашиот лекар да утврди во што е проблемот.

Откако дознавте како да ја препознаете и како да се справите со вестибуларната мигрена, ви препорачуваме да прочитате и кои 8 чудни лекови за мигрена навистина функционираат.

Извор: greatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар