Како да ја препознаете емотивната манипулација?

Како да ја препознаете емотивната манипулација?

Емоционалната уцена е форма на манипулација каде блиски луѓе директно или индиректно се закануваат дека ќе нè „казнат“ на некој начин затоа што не го правиме она што тие го сакаат. Емоционалните уценувачи знаат колку сме зависни од односот со нив и ги знаат нашите слабости и тајни.

Како да ја препознаете емотивната манипулација?

Ова се 6-те фази на емоционална уцена:

1. Состојба

Првата фаза на емоционална уцена е поставувањето барања. Манипулаторот поставува барања, понекогаш тоа може да биде директно барање, како на пример: „Не сакам да го/ја видиш“. Понекогаш, пак, барањето се изразува индиректно (т.н. пасивно-агресивно). Тоа може да биде некаква форма на гнев или манипулација со молчење, додека личноста не го направи она што се бара од него. Една од најголемите форми на манипулација во оваа фаза е кога вистинската намера е маскирана со „загриженост“. На пример, „оваа личност има лошо влијание врз тебе“.

2. Отпор

За да дојде до емоционална уцена, мора да има отпор од манипулираниот, во спротивно тоа би било само барање. Понекогаш тоа е цврсто и јасно „не“, поткрепено со аргументи. И понекогаш, некој едноставно може да одбие да разговара или на друг начин да одбие понатамошна комуникација. Постои уште една форма на отпор – тоа е неактивност. Обично со надеж дека уценувачот ќе заборави на сопственото барање.

3. Притисок

Во нормална врска, кога ќе се спротивставите, другата личност или го остава проблемот или се нуди заеднички да пронајдете решение. Човек кој е вклучен во емоционална уцена ќе се обиде да ве принуди да го исполните неговото барање.

4. Закана

Емоционалната уцена секогаш вклучува закана за казна, која ќе биде активирана доколку барањето не се исполни. Заканата може да биде:

Директна – Ова е јасна изјава за ситуацијата и информации за последиците од неисполнувањето на барањата. На пример, „Ако не го направиш ова, ќе те оставам“.

Индиректна – шпекулации за можни исходи. На пример: „Ако ти не сакаш да одиш во кино со мене, некој друг ќе сака“.

Скриена закана – Во овој случај, тешко е да се погодат вистинските последици, бидејќи тие се кријат зад навидум позитивни информации. Пример: „ Направи како што ти велам заради иднината на нашата врска“.

5. Согласност

Жртвите на емоционална уцена често се чувствуваат како да немаат алтернатива. Жртвата, не сакајќи да се соочи со последиците искажани од уценувачот, едноставно се согласува со барањето.

6. Повторување на манипулацијата

Успешната манипулација е цврста основа за понатамошно слично однесување. Кога ќе ѝ покажете на другата личност дека емоционалната уцена е ефективен начин да се исполнат нејзините барања, постои ризик и понатаму да продолжи да се однесува манипулативно.

Откако прочитавте за емотивната манипулација, можеби ќе сакате да прочитате и како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар