Како да ја прекинете врската со личноста во којашто сте вљубени, но не гледате заедничка иднина?

Како да ја прекинете врската со личноста во којашто сте вљубени, но не гледате заедничка иднина?

Раскинувањата не се лесни, посебно кога се работи за прекинување на врска со личност во која сѐ уште сте вљубени. Некогаш остануваме предолго во една врска бидејќи партнерот ни е драг, но сепак не можеме да се замислиме себеси покрај него/неа засекогаш. На почетокот е убаво, но во даден момент добиваме впечаток дека го губиме сопственото време со личност со која не би влегле во брак.

Па, како да прекинете нешто убаво со човек кој го сакате, без притоа да го повредите? Експертите имаат неколку совети за вас.

Д-р Џошуа Клапоу, психијатар и водител, предлага да бидете искрени и да не употребувате излитени фрази, убедувајќи го дека не е до него. Доколку сѐ уште го сакате, објаснете му што сѐ ви поминува низ главата. Ова ќе направи личноста да се почувствува ценета од ваша страна, дури и за време на раскинувањето.

„Најважната работа којашто можете да ја направите за оваа личност е да ѝ објасните зошто сте вљубени во неа, но и зошто не сакате да стапите во брак со неа. Доколку ги знаете одговорите на овие прашања, заслужува да ги знае и таа“, вели д-р Клапоу.

Започнете го разговорот на оваа тема веднаш штом ќе сфатите дека идеите за иднината не ви се поклопуваат. Но, ако сѐ уште имате чувства за оваа личност, треба да бидете целосно сигурни дека сакате да ја прекинете вашата љубовна приказна. Размислете добро за вашиот следен чекор.

„Запрашајте се себеси ‘Зошто не сакам да стапам во брак со него/неа? И што би можело да го промени мојот став?’“

Бидете свесни дека дури и ако имате отворена комуникација, постои ризик нивните чувства да бидат повредени. Не останувајте долго во врската, само за да ги заштитите чувствата на партнерот. На овој начин само ќе им го потрошите времето, а болката ќе им биде уште поголема бидејќи сте им дале лажна надеж.

„Не постои лесен начин да се прекине врска со личност која ја сакате. Постои голема веројатност нечии чувства да бидат повредени.“

Дополнително, оставете простор и за тоа дека можеби во иднина ќе го смените своето мислење.

„Не секој е сигурен во тоа дали ќе сака да стапи во брак со некого во иднина. Развојот на врската, времето и искуството можат да го променат вашиот став на оваа тема. Можеби во моментов не сакате да стапите во брак, но тоа не значи дека со тек на време ова нема да се смени. Многу е важно вашиот партнер да знае како размислувате за бракот како идеја“, дополнува д-р Клапоу.

Ако љубовта сѐ уште постои меѓу вас, не мора да ја прекинете врската само затоа што не сте сигурни дека сакате да стапите во брак. Секако, оваа одлука треба да е обострана.

Прочитајте ги причините зошто љубовта не е доволна за стабилна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар