Како да ја поставите масата за посебни прилики?

Како да ја поставите масата за посебни прилики?

Добрите манири ја одразуваат културата, љубезноста, дури и самиот карактер на една личност. Таквите правила на однесување се учат еднаш, се употребуваат секојдневно и траат засекогаш.

Како и во многу други нешта, постојат одредени правила кои треба да се почитуваат и при поставување на масата за посебни прилики. Ваквите правила се разликуваат во зависност од формалноста на пригодата, а се вистина лесни и едноставни.

Како да ја поставите масата за посебни прилики?

За почеток, при поставувањето на масата за неформални прилики, треба да се внимава на распоредот на приборот за јадење, потребен за трите оброка кои се послужуваат. Па така, чинијата е првиот елемент кој треба да го поставите. Над неа се става салфетката, која е едноставно свиткана на половина. На левата страна од чинијата се ставаат две виљушки, помала и поголема. Поголемата стои веднаш до чинијата и служи за главното јадење, додека помалата е наменета за салата или друг вид предјадење. Од десната страна на чинијата се ставаат ножот и лажиците за чај и супа. Во просторот над нив, се поставуваат чашите за вино и вода.

Како да ја поставите масата за посебни прилики?

Поставувањето на масата за поформални прилики се состои од повеќе елементи и бара повеќе труд и внимание. Имено, над чинијата за главниот оброк, се поставува уште една помала чинија, која служи за салата. Од левата страна се распоредуваат виљушките, а од десната, ножот и лажиците, исто како во неформалното поставување. Салфетката овој пат се става веднаш до виљушките од левата страна. Во просторот над нив пак, стои мала чинија за леб. Над самата главна чинија, хоризонтално се поставуваат лажичка и мала виљушка за десертот. Со послужувањето на десертот, на масата се поставува и шолја за топол напиток, со тацна. Секако, тука се и чашите за бело вино, црвено вино и вода, кои се поставуваат во горниот дел од десната страна на чинијата.

Како да ја поставите масата за посебни прилики?

За полесно разбирање на овие правила, погледнете ги убаво илустрациите и запаметете: Убавите манири никогаш не излегуваат од мода.

Прочитајте и како да дадете одредени сигнали со приборот за јадење кога јадете во ресторан.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар