Како да ја подобрите вашата љубовна врска?

Како да ја подобрите вашата љубовна врска?

Секоја љубовна врска се соочува со подеми и падови. Тоа е сосема нормално, но и неизбежно, особено доколку станува збор за продлабочување на љубовната врска. Сепак, во оние моменти кога ни се чини дека врската не функционира, наместо да размислуваме како можеме да придонесеме и да ја подобриме, ние се фокусираме само на однесувањето на партнерот. Во продолжение прочитајте на кој начин можете да ја подобрите љубовната врска.

Како да ја подобрите вашата љубовна врска?

Не занемарувајте ги вашите чувства и искуства

Кога односите во врската се влошуваат, честопати со денови размислувате за недостатоците на вашиот партнер и се чувствувате „заглавени“ во мислите и однапред оформените мислења и ставови за вашата врска. Наместо тоа, обидете се да им се препуштите на моменталните чувства. Запрашајте се што е тоа што го чувствувате во овој момент, што чувствувате секогаш кога вашиот партнер ќе каже или ќе направи одредена работа? На тој начин, станувате посвесни за проблемите во врската, наместо да реагирате како што многумина прават, со обвинување и судење. Токму спознавањето на чувствата како тага, срам или страв се појдовна точка за продуктивен разговор. Така, поверојатно е дека вашиот партнер ќе ве ислуша докрај без да се одбрани доколку му оставите до знаење како се чувствувате, наместо да го осудувате или критикувате.

Бидете храбри да погледнете внатре во себе

Секогаш е полесно да верувате дека за конфликтите и тешкотиите е виновен некој друг и дека вие немате никаков удел во тоа. Затоа, обидете се да се запрашате на кој начин и вие придонесувате за тие проблеми во врската. Секако, потребна е голема храброст за да си ги признаете сопствените грешки, особено доколку на нив гледате како на своја слабост.

Комуницирајте така што ќе го споделите својот внатрешен свет

Ненасилната комуникација ви помага да ги споделите чувствата и потребите и на тој начин полесно да го допрете срцето на партнерот, наместо да упатувате критики и осуди. Така, следниот пат наместо да кажете: „Мислиш само за себе! Ти си егоцентричен/а!“ можеби и ќе најдете храброст да кажете: „Се чувствувам осамено и тажно. Сакам да поминуваме повеќе време заедно затоа што ми значи твоето присуство“.

Откако прочитавте на кој начин можете да ја подобрите љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар