Како да ја подготвите косата за студеното време?
Есента и официјално пристигна, а со неа се намалуваат температурите, што може да биде штетно за косата. Како може да бидете сигурни дека вашата коса е подготвена за студентите денови кои следуваат?
Скратете ги испуканите врвови
Ниските температури може да го предизвикаат или зголемат пукањето на влакното. Експертите советуваат скратување на врвовите пред почетокот на зимата. Доволно е да се скрати врвот, без видлива промена на должината.
Користете маска
По летните месеци, вашата коса веројатно е посува и покршлива. Тука на помош доаѓаат маските за коса кои го хидрираат влакното. Предлог за маска: измешајте маслиново масло и жолчка од јајце и нанесете го на целата коса. Кокосовото масло, исто така, е одличен избор за нега на косата.
Кажете му збогум на опавчето
Честото врзување на косата во опавче е штетно за коренот на косата, но и за самото влакно, кое под притисокот ослабува и пука.
Исчистете ја косата
Доколку сте поминувале многу време во море или во базен, косата веројатно е оштетена од хлорот, солта и сонцето. Започнете ја есента со детално чистење со специјален шампон кој ќе ги исчисти наслагите собрани на влакното.
Ослободете се од електрицитетот
За да ја одбегнете појавата на електрицитет за време на студеното време, одржувајте ја косата хидрирана и редовно користете серум. Се препорачува и користење на поквалитетна четка за коса.
Подгответе се за ветерот
За да го одбегнете летањето на косата на ветровито време, ставете серум пред излегувањето. Серумот истовремено и ќе ја заштити косата.
Како може да ја обновите косата со состојки кои ги имате дома? Прочитајте за овој хит метод за обновување на косата со вода од сварен ориз.