Како да ја „оживеете“ оштетената виткана коса?
Би било одлично кога би можеле да ја бојадисуваме косата почесто, по цел ден да бидеме на плажа и изложени на сончевите зраци и секој пат да ја користиме пресата за коса без никакви несакани последици. Звучи премногу добро за да биде вистинито… Сепак, можеби можете да направите нешто за да ја остварите оваа цел. Па, доколку сакате да ги „оживеете“ вашите локни, еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа.
1. Размислете уште еднаш за пешкирите
Начинот на кој ја сушите косата, и тоа не само витканата, во голема мера допринесува за нејзиното оштетување. Груба ткаенина + триење на косата = оштетена коса! Затоа, попаметно е откако ќе ја измиете косата да ја завиткате во стара, памучна блуза. Таа впива исто како пешкирот, но е многу понежна кон вашата коса.
2. Започнете да користите домашни маски за коса
Секако, купените маски не се лоши, напротив, но понекогаш на косата ѝ е потребно малку „наша“ храна од фрижидерот. Затоа, ако вашите локни се оштетени, испробајте ја маската која е составена од две жолчки, малку јогурт и малку мед, а исто така, можете да ја „оживеете“ и со маска од авокадо (само авокадо, ништо друго). Нека маските постојат на косата околу 15-20 минути, а потоа измијте ја косата.
3. Избегнувајте ја топлината
Мијте ја косата нормално, со шампон кој ви одговара, а на крајот од миењето, додајте балсам за дополнителна нега. Во текот на нанесувањето на балсамот, со прстите чешлајте ја косата и исправувајте ја колку што можете, доколку сакате да ги скротите вашите локни. Освен ваквиот вид нега, во вашата бјути рутина одземете го и сушењето со фен, исправувањето со преса за коса, дополнителното виткање со фигаро и сите останати топли уреди, бидејќи како што веќе знаете топлината ја уништува косата. Кога ќе имате можност исушете ја косата природно и веднаш ќе ја забележете разликата.
4. Редовно пострижувајте се
Така вашата коса секогаш ќе биде убава и негувана, здрава се подразбира, а локните разлетани и сјајни.
5. Освежете го воздухот
За крај, и самиот воздух во просторијата во која најчесто престојувате би требало да биде „негуван“. Поточно, потребен ви е освежувач за воздух и тоа особено во оние премногу топли сезони кога и самиот воздух е сув и исто така, ја суши вашата кожа и коса.
За полесно одржување и посјајна коса, ви предлагаме да ги погледнете овие навики на девојките со прекрасна коса.