Како да ја освоите зафатената девојка која делува недостижно?
Ако мислите дека никогаш нема да ја освоите девојката од вашите соништа, немојте да се откажувате веднаш. Можеби таа делува како да има премногу обврски, но верувајте дека ќе ве забележи ако имате што да понудите, без разлика колку е зафатена. Покажете ѝ колку сте прекрасни, шармантни, забавни и паметни. Дајте сѐ од себе и успехот нема да изостане. На крајот на краиштата, немојте да претерувате за да ја импресионирате, само бидете свои. Ова се 13-те работи што треба да ги направите за да ја освоите недостижната девојка од вашите соништа…
1. Преземете ја контролата во свои раце и направете го првиот чекор. Нема ништо попривлечно од маж кој знае што сака и подготвен е да направи сѐ што треба за да го добие тоа.
2. Немојте да бидете очајни. Не вложувајте премногу труд и останете доследни на себе.
3. Бидете самоуверени, а не арогантни. Егоцентричните идиоти не се воопшто привлечни.
4. Дајте ѝ простор. Немојте да ѝ праќате пораки 24/7. Разбудете ја нејзината љубопитност со тоа што нема да ѝ додевате со постојани повици и пораки.
5. Покажете ѝ каква личност сте. Можеби изгледате убаво однадвор, но ако нејзе не ѝ се допадне какви сте однатре, нема да успеете да ја освоите.
6. Оставете забележителен впечаток. Имате само една шанса да оставите позитивен прв впечаток, така што немојте да ја зезнете работата!
7. Погрижете се да си помине одлично кога ќе биде со вас. Оставете ја да посакува уште, и таа нема да може да дочека до вашата наредна средба.
8. Правете си и ваши лични планови, покрај тие што ќе ги направите со неа. Ќе ѝ биде привлечно тоа што не сте секогаш достапни и имате и свој живот.
9. Бидете креативни. Секако дека не треба да потрошите цело богатство за првиот љубовен состанок, но таа дефинитивно ќе го цени фактот што сте смислиле нешто поразлично.
10. Немојте да бидете лигави. Не претерувајте со комплиментите и со љубовните изјави кои се веќе клише.
11. Не плашете се да ѝ го покажете вашиот свет. Таа ќе биде импресионирана од вашите хобија и интереси.
12. Не ѝ се подлизувајте. Покажете ѝ дека сте исто толку добри колку и таа и дека двајцата ќе бидете одличен пар.
13. Вистински слушајте го она што го зборува. Покажете заинтересираност за работите што ви ги кажува. Нема ништо полошо од маж кој не знае да слуша.
Па, што чекате? Направете го првиот чекор и поканете ја девојката од вашите соништа на љубовен состанок!
Доколку сѐ уште не сте сигурни што треба да направите за да го привлечете вниманието на онаа која ви се допаѓа, прочитајте ги овие 15 начини да ја освоите секоја девојка.