Како да ја одржите страста во врската: 19 жени ги споделуваат нивните искуства
Дури и најдобрите врски не се имуни на исчезнување на страста. Кога минувате години и години со иста личност, мали се шансите дека секој ден ќе биде совршен. Она што го прави парот навистина силен е нивната способност да ги наминат овие периоди и да ја обноват страста што ја имало на почетокот.
Па ако се прашувате како да ја вратите страста во вашата врска, прочитајте ги искуствата на неколку жени од Редит кои се во долги врски…
1. Никогаш не престанувајте со романтичните гестови
„Понекогаш ме ‘удира’ по задникот, па според тоа можете да кажете дека врската ни е силна. Шала на страна, тој е најслаткото момче. Заедно сме речиси 7 години, а верени сме 2 и тој навистина сака романтика. Ми купува цвеќиња, ме носи на вечера, ми покажува внимание и сака да се гушка. Ми кажува дека ме сака почесто отколку што можам да избројам, вклучувајќи секоја вечер пред спиење и секое утро кога ќе се разбудиме. Постојано ми кажува дека е горд на мене и иако поради некои околности не сме многу сексуално активни, кога имаме секс тоа е неверојатно.“
2. Одвојте време за состанок
„Заедно сме 4 години. Одвреме-навреме правиме по нешто романтично. Се обидуваме да одиме на состанок еднаш месечно и не само на вечера, туку на плажа или некаде на викенд. Се гушкаме и редовно имаме секс. Секој ден се бакнуваме и инсистирам на бакнежи за добро утро и за збогување. Спиеме голи и тогаш чувствувам вистинска интимност.“
3. Покажете му на партнерот колку се грижите
„Никогаш не престанавме да си ја покажуваме љубовта еден на друг. Заедно сме повеќе од 13 години и сè уште се држиме за рака, сакаме да бидеме заедно и да ја покажуваме нашата љубов.“
4. Продолжете да кажувате „Те сакам“
„Заедно сме 12 години и никогаш не сме биле романтични во традиционална смисла. Се бакнуваме страсно за време на предигра, се прегрнуваме многу и често си кажуваме дека се сакаме. Задолжително се бакнуваме кога тој се враќа дома и пред спиење.“
5. Гушкајте се често
„Заедно сме веќе 12 години. Дефинитивно сè уште има страсно бакнување и прегрнување. Продолжете да се состанувате со партнерот. Продолжете да правите добри нешта за него.“
6. Насмејте го партнерот
„Заедно сме повеќе од 6 години и тоа е најдоброто нешто во мојот живот. Одново и одново ќе се вљубувате во партнерот. Моето момче е вистински романтичар и ја користи секоја можност за да ме насмее. Кога навистина сакате некого, сакате да биде среќен. Моето момче е најдобриот маж и навистина е лесно да го сакам. Сме имале и проблеми, но важно е да продолжите да работите на врската.“
7. Оставајте си слатки пораки
„Заедно сме 16 години, од кои во брак сме 10. Секогаш се бакнуваме кога се збогуваме, се прегрнуваме, танцуваме во кујната… Страста уште е овде и уште флертуваме еден со друг. Си оставаме и слатки пораки. Важно е да не престанете со овие нешта, туку да ги направите приоритет.“
8. Откријте ги вашите љубовни јазици
„13 години подоцна и сè уште сме романтични. Флертуваме, се допираме и се бакнуваме. Често дискутираме и за нашиот љубовен јазик. Луѓето се менуваат, па комуникацијата е од голема важност.“
9. Кажете му на партнерот колку ви значи
„Лезбејки, заедно 17 години. Имавме сериозен проблем што траеше околу 3 години. Конечно го надминавме кога почнавме да си кажуваме колку си значиме една на друга. Оттогаш не престанавме со тоа. Не ми се верува колку ни е добра врската сега.“
10. Кажете ги вашите потреби и желби
„Заедно сме 15 години. Никогаш немало изненадувања како рози и шампањ, но често ме носи на тајни состаноци. Не знам како успеавме да го зачуваме ова. Нашата врска само се подобрува. Јасно кажуваме што сакаме и кои се нашите чувства и потреби.“
11. Секогаш држете се за рака
„Заедно сме речиси 6 години. И двајцата не сакаме изненадувања, па тоа не се случува. Но, често се држиме за рака, се допираме, се гушкаме и многу се бакнуваме. Откако почнавме да живееме заедно, тоа се зачести.“
12. Масирајте се почесто
„8 години сме заедно. Ме масира секоја вечер, а јас го будам на истиот начин. Минатата вечер заврши една од моите обврски за да ме изненади, а јас му го подготвив ручекот бидејќи го заборави. Постојано си кажуваме слатки работи. Одберете личност по којашто сте луди и почекајте да видите дали си одговарате. Не започнувате да знаете некого до 3-тата или 4-тата година. Имав среќа што најдов партнер кој е комуникативен, ме поддржува и има исти цели како и мене.“
13. Читајте ги истите книги и носете си кафе во кревет
„Живееме заедно и во врска сме речиси 8 години. Сè уште ми ја отвора вратата, ми носи мали подароци, ме носи на состаноци, ми готви, ме замолува да ја прочитам книгата што ја завршил, ми носи кафе во кревет… Се обидуваме да ја одржиме и физичката поврзаност во врската. Прави голема разлика. Комуникацијата ни е одлична и секогаш кажуваме кога ни е потребно нешто.“
14. Никогаш не си легнувајте гневни
„Со сопругот сме заедно речиси 8 години. До денес сум возбудена кога минувам време со него. Навистина ми е омилена личност. Сладок е, смешен и имаме многу за разговарање. Сè уште мислам дека е згоден и сè уште го привлекувам, иако сега сум бремена со стомаче. Навистина се обидуваме да имаме здрава комуникација, па гневот никогаш не е присутен помеѓу нас. Навистина сме среќни што се имаме еден со друг.“
15. Нека ви стане навика да правите да се чувствувате сакано
„Заедно сме 6 години. Сè уште ме допира кога поминувам покрај него, ми свири кога се соблекувам, ме бакнува страсно и кога имам лош ден ме прегрнува. Секој ден се обидуваме да ги зборуваме нашите љубовни јазици. Не е лесно да го правите ова секој ден, но по некое време ќе ви стане навика и едвај ќе чекате да ја видите насмевката на неговото лице.“
16. Третирајте го партнерот како најдобар пријатели
„Наскоро со сопругот ќе ја прославивме нашата 43-та годишнина. Нештата уште се одлични меѓу нас. Се разбира, имаше и „суви“ периоди. Никој сред менопауза не е заинтересиран за секс, но тие години поминаа. Нештата навистина се менуваат со возраста, но тоа е само нешто што го вметнавме во сексуалниот живот. Постојат две нешта поврзани со интимноста. Сексуалната желба започнува во мозокот. Па направете што е потребно за да останете во мислите на партнерот. Постојат денови кога сум била гневна бидејќи не ја затворил вратата, но тогаш донесувам одлука да се фокусирам на нешто што ме потсетува дека го сакам овој маж, како неговиот мирис. Второ, моќта на ‘овде’ е многу важна. Допирајте се, гледајте се во очи, кажувајте си дека се сакате. Вашиот партнер ви е најдобар пријател. Третирајте го како таков.“
17. Не заборавајте дека љубовта е избор
„Заедно сме 14 години и мислам дека најдобриот совет што го имам слушнато е дека љубовта е избор. Потребно е да работите и да одберете да останете посветени на партнерот. Понекогаш нема да се чувствувате фер. Понекогаш ќе чувствувате помалку љубов, а понекогаш овие чувства ќе траат подолго. Но вреди. Покрај тоа, сексот се подобрува кога сте подолго заедно, сè додека отворено ги кажете вашите потреби. Со сопругот ја одржуваме страста така што постојано одвојуваме време еден за друг. Кога се чувствуваме одделено, се обидуваме повторно да се поврземе.“
18. Играјте си
„Со сопругот сме заедно од 2008-ма година. Уште си пишуваме мали пораки, се држиме за рака, и играме наша игра. Ова ни се сосема природни нешта. Бев многу болна на долг период и имав несакан абортус. Нашите мали игри и покажувањето внимание се лепилото што нè одржа заедно.“
19. Изненадувајте се еден со друг
„Во брак сме 6 години. Уште активно одиме на состаноци. Одиме на вечера, се изненадуваме и си ги правиме омилените оброци. Постојано се прегрнуваме. Навистина се сакаме и се обидуваме постојано да го покажуваме тоа.“
Погледнете ги и љубовните совети што можете да ги научите од вашата мајка.