Како да ја одржите белината на вашите заби?
Дали би се изненадиле кога би разбрале дека белото вино може да има полошо влијание врз вашите заби одошто црвеното? Познато ли ви е дека јаготките имаат обелувачко својство на забите? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да им се спротивставите на дамките на забите и да ја одржите вашата насмевка, бисерно бела.Д-р. Ирвин Смиџел, личниот стоматолог на Џастин Тимберлејк, Џенифер Лопез, Џони Деп и многу други светски славни личности, споделува неколку совети за зачувување на белината на забите и нивниот сјај:
1. Белото вино може да предизвика повеќе дамки на забите од црвеното бидејќи има повеќе киселини. Високиот степен на киселост е причината што белото вино создава повеќе дамки од чајот, кафето и сè друго што јадеме или пиеме, а е во боја. Вакви пак се: кечапот, сенфот, сосот од соја, сосот за шпагети и сите зрнести плодови. Киселината ја уништува природната глазура на забите, создавајќи груби точки и вдлабнатини кои стануваат мета на обоената храна и пијалаци.2. За да го намалите ефектот од киселината, плакнете ја устата со вода помеѓу голтките вино и помеѓу залаците од силно обоената храна што ја конзумирате. Пиењето вода и јадењето леб со ваквите предизвикувачи на дамки на забите, влијае на неутрализирање на киселоста и со тоа се намалува штетниот ефект.3. Не се препорачува четкање на забите веднаш по јадење храна или пиење пијалак со висок степен на киселост. Глазурата на забот е веќе ослабена од киселината и шеќерот, па четкањето ќе предизвика понатамошно еродирање на забите. Во ваков случај, најдобро е да почекате 30 минути пред да ги исчеткате забите. Уште подобро е да користите гел или водичка за плакнење на здивот со избелувачко дејство. Вака, можете веднаш да ги истретирате забите по пиењето вино или јадењето обена храна, без да треба да ги уништувате со четка. Ќе ги намалите дамките, а ќе го спречите понатамошното оштетување. Ваквите производи се од двојна корист, а можете да најдете и мали пакувања кои ќе ги носите секогаш во вашата чанта или џеб.4. Јагодите се едни од најдобрите домашни избелувачи на забите. Јагодовата киселина не дозволува да се изгуби бојата на површината на забот и делува избелувачки. Состојката која му го дава киселиот вкус на овошјето, покрај во јагодите, ја има и во грозјето. Најефикасно белеење со ова овошје ќе постигнете кога тоа е зрело, но не кога е презереано, бидејќи тогаш веќе ја губи оваа состојка.5. 80% од причините за лошиот здив се предизвикани од бактериите кои се задржуваат на јазикот. Четкањето на јазикот со четка за заби нема да ги отстрани бактериите, туку само ќе ги разнесе низ устата. Затоа, најдобро е да се користат специјални чистачи за јазик кои можат успешно да го победат лошиот здив.6. Џвакањето мастики без шеќер, по оброците, ќе стимулира лачење на плунка, која има улога на природен детегрент и отстранува некои дамки од забите. Дури и жабуркањето со вода, доколку немате ништо при рака, ќе отстрани барем дел од дамките.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.