Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
6. Правилно сушење на косата
Без разлика колку е мек вашиот пешкир, тој секогаш може да ја оштети косата. Жените често ја врзуваат косата во пешкир после миење, но ова ја оштетува. Ако се обидувате да ја пораснете косата, држете се настрана од апаратите за обликување со топлина како фен и пегла. Секој вид топлина ја оштетува косата. Најдобро е да користите фен кога косата е барем 60% сува. Исто така нанесете спреј за заштита од топлина.
7. Дозволете ѝ на косата да дише
Натрупаните распореди и времето поминато надвор може да ве натераат да користите повеќе производи за коса. Ова ја прави косата „уморна“ и склона кон оштетување. Ако сакате да ја пораснете, немојте да ја врзувате косата. Влечењето предизвикано од врзувањето може да ја оштети. Косата е склона и кон инфекции кои го намалуваат нејзиниот раст. Па, потребно е одвреме-навреме да правите третмани против нив. Друго важно нешто е покривањето на косата. Топлината од сонцето може да ја оштети и вашата коса, не само кожата.
8. Важна е исхраната
Научниците забележале дека одредени производи можат да го поттикнат растот на косата. Односно, храната богата со биотин или витамин Х е одлична за вашата кожа. Овие хранливи материи помагаат во преработувањето на мастите, јаглехидратите и аминокиселините и го покачуваат нивото на протеините во телото. Бидејќи косата е направена од протеини, ова е одлично за неа. Продукти кои се богати со биотин се млеко, сирење, јајца, јаткасти плодови, свинско месо, сардина, лосос, карфиол и авокадо.
9. Поретко миење
Не е добро пречесто да ја миете вашата коса. Вистина е дека чистата коса расте побрзо, но честото миење нема да ви биде од многу помош. Секојдневното миење може да ја исуши косата и да ги отстрани природните масла. Исто така нежно масирајте ја главата додека ја миете или чешлате вашата коса.
10. Комбинирајте сок од кромид и кокосово масло
Предностите на сокот од кромид се добро познати. Кромидот го регулира циклусот на растење на косата и ги храни нејзините фоликули. Кога сокот од кромид ќе го измешате со кокосово масло, придобивките се дуплираат. Кокосовото масло ги задржува природните масла на влакната и го спречува сушењето. Исто така тоа е одличен извор на витамин Е.
11. Бидете трпеливи
Колку и да се обидувате, косата не може да порасне преку ноќ. Дури и ако ги применувате сите овие трикови, косата ќе порасне најмногу 2,5 центиметри месечно. Па важно е да бидете трпеливи и да не престанете со обидите. Сепак, долгата свиленкаста коса бара нега и време.
Погледнете ги и овие совети за долга, густа и сјајна коса.