Како да ја направите расправата со партнерот корисна за вашата врска?
Не постои пар што не се расправа. Некои парови го прават ова отворено и викаат еден на друг, додека пак други избегнуваат да разговараат. Без разлика на методот, резултатот е ист – повредени чувства и разочарување. Но знаевте ли дека можете да ја свртите расправата во корист на вашата врска? Со конструктивниот разговор, започнатата расправа може да биде чекор напред кон решавање на долгорочните проблеми во врската. Погледнете како да го направите тоа.
1. Важно е да сфатите дека самиот бес не е деструктивен. Постои разлика помеѓу лутината и бесот. Кога некој е лут, тој мора да го искаже она што го чувствува. Налутената личност не прави сцени и не ги нарушува односите. Ова однесување е резултат на бес.
2. Разговарајте за вашите чувства пред да се налутите. Кога вие или партнерот можете да му пристапите на проблемот и мирно да го решите, расправата може целосно да се избегне. Понекогаш нештата мораат да бидат кажани, а поголемиот број расправи ќе се избегнат кога и двајцата партнери ќе разберат како се чувствува другиот.
3. Не повишувајте го тонот. Секој проблем можете да го решите со тивок глас. Луѓето кои се склони на викање и силни емоции, би требало да се обидат да ги решаваат проблемите со шепотење. Оние кои го пробале ова, сфатиле дека со тивката комуникација ќе се намали и лутината.
4. Немојте да го загрозувате односот со партнерот и не гледајте ја секоја расправа како закана за врската. Овој вид емоционални уцени поттикнуваат чувство на немоќ и желба за бегање кај другиот партнер. Можно е токму овие уцени да го натераат партнерот да ја прекине врската или да се почувствува сосема безвредно.
5. Не навраќајте се на ситуациите од минатото за да ги користите како аргументи. Доколку нешто се случило пред неколку години, досега веројатно е решено. Со спомнувањето на проблемот од минатото, само ќе се чувствувате лошо. Најпрво треба да работите на сегашниот проблем кој ја спречува нормалната комуникација. А доколку навистина има и друг проблем од минатото, оставете го за наредна прилика.
6. Не избегнувајте го вашиот бес. Ако доволно долго ги голтате лутината и бесот, кога-тогаш ќе експлодирате и ќе кажете нешто за коешто ќе зажалите. Лутењето не ја намалува љубовта и можете да ѝ се лутите на саканата личност. А оние кои најмногу се сакаат, можат и најмногу да се повредат. Па секогаш кога се чувствувате луто, запоставено или што било, кажете му на партнерот и веднаш решете го тоа.
7. Направете детален план за решавање на проблемот без потреба од повишување на гласот. Секој од вас нека ги искаже своите чувства, а потоа размислете за тоа. Дури потоа започнете со разговор и обидете се најдете решение. Понекогаш е тешко да го решите проблемот од прва, особено доколку е нешто сериозно, па не грижете се доколку не најдете решение со само еден разговор.
8. Малтретирањето никогаш не е дозволено. Овде спаѓа вербалното малтретирање и кој било вид насилство, вклучувајќи и удирање на вратите, тропање или фрлање предмети. Ако ситуацијата ескалира до овде, најдобро е да излезете од домот.
9. Не дозволувајте се да се испровоцирате. Не заборавајте дека негативното внимание сепак е внимание. Ако вашиот партнер постојано се обидува да започне расправа бидејќи не е расположен, најдобро е да си заминете. Некои луѓе започнуваат расправи само за во тој момент да се почувствуваат моќно и задоволно. Немојте да го дозволувате ова.
10. Слушајте го вашето тело. Кога некој е лут, телото ослободува хемикалии кои можат да предизвикаат деструктивни реакции. Научете да ги читате вашите чувства и откријте какво е влијанието на негативните емоции врз вашето физичко тело.
Погледнете и кои се грешките што полека, но сигурно ја уништуваат вашата врска.