Како да ја намалите големината на вашиот желудник?

Како да ја намалите големината на вашиот желудник?

Желудникот е еластичен, мускулест орган и кога во него внесуваме поголема количина храна или течности, тој може да се прошири. Но ова проширување е привремено. Штом ќе се преработи храната во него, тој се намалува и се враќа во неговата природна големина.

Како да ја намалите големината на вашиот желудник?

Додека повременото прејадување не може трајно да го прошири вашиот желудник за постојано да чувствувате глад, некои истражувања покажале дека намалениот внес на храна може да го намали неговиот капацитет, најверојатно бидејќи се намалува неговата еластичност. Ова значи дека желудникот не може да се зголеми или намали, туку се зголемува и намалува неговата еластичност.

Ова е најдобро докажано со фактот дека дебелите луѓе имаат поеластичен желудник за разлика од послабите. Празниот желудник е како орган со постојано иста големина и има капацитет од околу 75 милилитри. Но бидејќи е како балон, може значително да го зголеми неговиот волумен. За време на консумирањето храна може да се зголеми и до еден литар, а кога станува збор за преобилен оброк, неговиот капацитет може да биде и до два литри.

Кога сакаме да јадеме, мозокот му дава сигнал на желудникот. Тогаш неговите мускули се опуштаат и тој се подготвува да се наполни со храна. Кога храната ќе продолжи да се движи кон цревата, желудникот се враќа во оригиналната големина.

Доколку сакате да ја намалите еластичноста на вашиот желудник, а со тоа и количината на внесената храна, најважно е да престанете да се прејадувате и да го намалите внесот на калории.

Во едно истражување учествувале дебели луѓе кои биле ограничени на само 1.000 калории на ден во текот на еден месец. Во тој период нивниот желудник се намалил за 36%.

Брзината со којашто јадете исто така влијае на тоа каков сигнал ќе добие мозокот од желудникот. На мозокот му е потребно некое време за да „сфати“ дека сте сити, па кога јадете брзо мозокот нема време да го процесира чувството на ситост. Без разлика дали сакате да ја зголемите или намалите еластичноста на вашиот желудник, волуменот на внесената храна има големо влијание.

На пример, кога јадете чипс, консумирате многу калории, но со помал волумен. Кога станува збор за овошје или зеленчук, внесувате поголемо количество храна, но со помалку калории. Се разбира, со храната со поголем волумен полесно ќе го наполните желудникот за разлика од храната со помал волумен, како чипсот.

Па доколку сметате дека е зголемена еластичноста на вашиот желудник и поради тоа постојано чувствувате глад, обидете се да ги следите следниве совети:

1. Внесувајте храна со поголем волумен, а со помалку калории.

2. Јадете 5 помали оброци во текот на денот.

3. Секогаш јадете побавно од вообичаено.

Погледнете ја и оваа листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата против килограмите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар