Како да ја контролирате потребата за шеќер?
Добро ни е познат фактот дека шеќерот предизвикува неверојатна зависност за што се одговорни одредени хормонски, емоционални и физиолошки причини. Еве дел од факторите кои предизвикуваат желба за шеќер и што можете да направите за да ги спречите.
1. Исцрпеност
Според експертите, кога се чувствувате исцрпени, првото нешто по кое копнеете е шеќерот. Тоа е затоа што шеќерот брзо се метаболизира и затоа телото го претпочита како брз извор на енергија. Проблемот е што почетното енергетско засилување е краткотрајно и ве тера да консумирате уште повеќе.
2. Стрес
Истражувањата покажале дека кога приматите се под стрес, тие бараат јаглехидрати првенствено во форма на овошје. Според научниците, тоа се должи на фактот дека овие соединенија произведуваат серотонин. Луѓето под стрес реагираат на ист начин – посегнуваат по нешто слатко за да почувствуваат олеснување (иако накратко). Проблемот е што честото консумирање шеќер може да прерасне во навика. Затоа, доколку сте под стрес, најдобриот начин да воспоставите рамнотежа во организмот би било консумирањето сложени јаглехидрати. Тоа е затоа што им треба подолго време за да се сварат, но, од друга страна, на тој начин го одржуваат стабилно нивото на шеќер во крвта.
3. Цревна флора
Една од теориите за тоа зошто луѓето се гладни повеќе отколку што треба е онаа која се фокусира на цревната флора. Според оваа теорија, нашата глад е контролирана од тоа колку добро нашите цревни бактерии се хранат со храната што им е потребна. Така, ако цревните бактерии го добиваат вистинскиот вид гориво, тие испраќаат пораки до мозокот дека не треба да бараме дополнителна храна. Меѓутоа, кога бактериите во цревата не ја добиваат вистинската исхрана, мозокот испраќа SOS сигнал, велејќи дека брзо му треба енергија. Честопати брзото решение е шеќерот. Во овој случај, пожелно е да вклучите во вашето мени храна богата со пробиотици која вклучува јаткасти плодови, банани, овес и јаболка.
Откако прочитавте за факторите кои придонесуваат за зголемена потреба за шеќер, можеби ќе сакате да прочитате и овие 5 совети за намалување на количината на шеќери во организмот.
Извор: sensa.mondo.rs