Како да ја кажете вистината која боли?

Како да ја кажете вистината која боли?

Понекогаш мора да се кажат некои работи кои некому нема да му се допаднат и можеби ќе го заболат. Ако се прашувате како да постапите во вакви ситуации следете ги овие неколку совети за да ги минимизирате можните штетни последици.

Како да ја кажете вистината која боли?

Бидете сигурни дека помагате. Ако се сомневате дека само ја осудувате другата личност, подобро е да размислите уште малку за она што сакате да го кажете. Кога ќе се осигурате дека не сте оптоварени со личните фрустрации туку сакате само да помогнете, зборувајте слободно.

Верувајте му на внатрешниот глас. Вашиот мозок знае како да ви прати порака за она што навистина сакате да го направите. Смирете се, сослушајте се себеси и донесете одлука.

Преиспитајте го вашиот страв. Размислете за тоа дали ќе биде полесно да живеете со последиците од кажувањето на вистината или од нејзиното некажување. Обидете се да бидете храбри.

Како да ја кажете вистината која боли?

Спремете тактика. Ако се работи за нешто сериозно, корисно е да размислите за тоа како може да се одвива разговорот и да спремите тактика. Одберете некое мирно место за разговор каде што никој нема да ви пречи и добро објаснете ѝ на личноста дека имате исклучиво добри намери со она што сакате да ѝ го соопштите.

Побарајте дозвола да зборувате за проблемот. Прашајте ја другата личност дали е заинтересирана за вашето видување на работите пред да кажете што било. Ако почувствувате некаков отпор, речете дека ќе разговарате друг пат. Само немојте некој ваков момент да го користите како оправдување за да се повлечете.

Обрнете внимание на последиците од нечие однесување. Кога некому му кажувате дека неговото или нејзиното однесување не чини, разбирливо е да наидете на отпор. Затоа предочете ги последиците од таквото однесување со цел да бидете поуверливи.

Како да ја кажете вистината која боли?

Искажете ги вашите намери. Нека знаат дека немате цел да ги навредите, туку да придонесете кон нивното подобрување.

Не доведувајте ги во прашање вашите намери. Ако другата личност ви возврати негативно, немојте да се повлекувате велејќи дека не требало така да кажете или постапите. Со тоа ќе оставите впечаток дека не сте сигурни за она што сте сакале да им го кажете и ќе можат да се сомневаат во вашата искреност.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар