Како да излегувате со повисока девојка?
Ви се допаѓа девојка која е неколку сантиметри повисока од вас? Па што! Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да нема непријатни ситуации и нервози од двете страни.
Не правете голема работа од тоа
Многу е важно како вие ѝ пристапувате на девојката која ви се допаѓа, и ете по некоја случајност е повисока од вас. Бидете самоуверени, чувствувајте се удобно во својата кожа и не кажувајте ѝ нешто поврзано со нејзината висина – таа знае дека е висока. Исто така, не спомнувајте ја ниту својата висина. Не правете шеги на своја сметка бидејќи така изгледате како да ви фали самодоверба и никако не почнувајте со реченица која ја истакнува разликата во висините кога сакате да освоите девојка која ви се допаѓа. Покажете ѝ дека ви се допаѓа заради тоа што е, не заради нејзината висина.
Не правете потајни работи за да изгледате повисоко
Дури и да не кажете нешто за нејзината висина, можете не сакајќи да ја навредите доколку тоа го потенцирате со некој потег. На пример, не застанувајте едно скалило погоре на ескалаторот за да изгледате повисоко и не дујте ги градите кон напред. Таа ќе го забележи тоа. Верувајте, девојките не сакаат да излегуваат со момци кои чувствуваат дека треба да стојат на повисокото скалило само за да си ја одржат својата самодоверба, барем на една минута, колку што трае возењето по ескалатор.
И високите жени сакаат да се чувствуваат женствено
Тоа што една девојка или жена е висока или има поголеми пропорции од оние на машкото не значи дека таа нема потреба да се чувствува елегантно и женствено. И покрај тоа што не можете да се шетате прегрнати со вашата рака преку нејзините рамена, сè уште можете да правите многу работи со кои ќе ѝ овозможите да се чувствува како дама, на пример да ја водите држејќи ја за рака до спалната соба, да ѝ помогнете да излезе од автомобилот отворајќи ѝ ја вратата, да ја држите за половината итн.
Не е доволно да ја толерирате нејзината висина, ценете ја
И покрај тоа што не ѝ спомнувате ништо за нејзината висина, ниту ја потенцирате разликата помеѓу вашата и нејзината, тоа некогаш може да не биде доволно. Таа сепак е свесна за својата висина и може да ѝ биде непријатно како стрчи покрај вас. Покажете ѝ дека е атрактивна таква каква што е, заедно со нејзината убава долга коса, духовитоста, љубовта кон документарните емисии или што и да е друго.
Со висока девојка, во пакет добивате и долги нозе
Висината се истакнува кога се движите. Но, кога сте сами дома на каучот и гледате телевизија, постојат многу начини на кои можете да се наместите за да ви биде удобно на двајцата. На пример, вие сте потпрени на каучот, а таа седи испружена со нозете префрлени преку вас. Девојките ги обожаваат овие моменти. Повеќе сантиметри во ваквите моменти и вам добро ќе ви дојдат. Па кое машко не сака да погали долга нога!?
A koj e avtorot na ovoj biser??? Zamislete: duri i visokite zeni sakale da izgledaat zenstveno! WTF, sto bi rekle ameri!
Статијава е понижувачка за сите високи девојки, прикажани се како некои изроди што не се совпаѓаат со “нормалниот” свет. Срамота!
А што е понижувачки?