Како да изгледате секси и на минусни температури?
Автор: Зорица Тодорова
Тешко е да изгледате привлечно кога од глава до пети сте покриени со слоеви и носите гломазен капут. Но со овие паметни потези, ќе го избегнете ефектот на „мумија“, а вашиот стил на облекување ќе остане запазен.
Избалансирајте го големиот волумен
Мега големите шалови се вистински тренд оваа зима. Неутрализирајте ја нивната големина со кожно палто и тесни фармерки.
Вметнете топол зимски детаљ
Во потоплите денови не мора да носите палто, облечете дебела ролка во црна боја која ќе ја искомбинирате со полукожен-полукрзнен елек и имате одлична алтернатива за здодевниот капут.
Преобразете ги вашите нозе
Раскинете им на чизмите за снег без облик – прават да изгледате уште пониски. Освен доколку не се наоѓате во снежна виулица, облечете пар високи кожни чизми кои ги издолжуваат вашите нозе.
Истакнете ја половината
Дури и во дебело зимско палто повторно можете да ја истакнете вашата половина во облик на песочен часовник – едноставно ставете тенок ремен во свежа боја.
Додадете рокерски акцент
Имаме само три збора: ракавици без прсти. Нивниот непослушен, разигран изглед ќе му внесе свежина на вашиот стил многу подобро од обичните плетени ракавици.