Како да изгледате привлечно на профилната слика на Фејсбук?

Како да изгледате привлечно на профилната слика на Фејсбук?

Профилната слика на Фејсбук многу говори за личноста која стои зад профилот. Таа е она со коешто некој се презентира пред останатиот свет на социјалната мрежа. Вие и самите си знаете колку таа слика ви е важна и затоа секогаш се обидувате на неа да изгледате во своето најдобро светло. За да ја постигнете таа цел математичарката Хана Фрај советува да следите три основни правила кои според нејзините истражувања ќе направат да изгледате попривлечно на вашиот Фејсбук профил.

Како да изгледате привлечно на профилната слика на Фејсбук?

1. Не ставајте предобра или беспрекорна слика. Сите знаат дека никој не изгледа беспрекорно и затоа тие слики делуваат лажно и нереално. Ако користите Фотошоп или некои други апликации кои прават да изгледате совршено и се сликате само со еден израз на лицето под определен агол, тогаш некои ќе сфатат дека вашиот изглед е лажен. Ако има некој кој сака да ви се додворува на Фејсбук може да помисли и дека сте предобра за него.

2. Не ставајте ниту лоша слика. Логично, затоа што сакате да изгледате убаво.

3. Ставете ненападна фотографија која зборува за вас. Ако сакате да трчате, ставете слика на којашто трчате. Ако имате убава насмевка, ставете слика на која заразно се смеете. Не се обидувајте да бидете ниту предобри, ниту лоши на сликата за да изгледате убаво и привлечно на неа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар