Како да изгледате поинтелигентно?

Како да изгледате поинтелигентно?

Сакате да го смените впечатокот кој им го оставате на луѓето и да изгледате поинтелигентно? Погледнете ги наредниве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа…

Како да изгледате поинтелигентно?

1. Бидете атрактивни – Голем број студии покажале дека луѓето имаат тенденција да мислат дека атрактивните луѓе се попаметни од останатите. Ова генерализирање најчесто се опишува со „ефектот на ореол“, односно доколку ние имаме позитивно мислење за една особина на личноста, имаме тенденција да ѝ припишуваме најразлични други позитивни карактеристики.

2. Облекувајте се за улогата – Едно истражување од 2008 година, открило дека луѓето имаат тенденција да мислат дека оние кои се облекуваат поконзервативно, наместо попровокативно се сметаат за поинтелигентни од останатите. Ова генерализирање исто така може да се објасни со „ефектот на ореол“.

3. Мажите се сметаат за поинтелигентни – Истата студија од претходната точка покажала и дека оние жени кои студирале на факултети каде што преовладувале машки студенти, биле сметани за поинтелигентни од останатите. И покрај тоа што една студија од 2000-та година покажала дека просечното ниво на интелигенција е повисоко кај жените отколку кај мажите, предрасудите тешко се надминуваат.

4. Заборавете на вашето IQДаунинговиот ефект го опишува феноменот кој за прв пат бил забележан од страна Ц. Л. Даунинг дека луѓето со потпросечна интелигенција сметаат дека се натпросечно интелигентни и обратно, оние со натпросечна интелигенција се потценуваат себеси. Ако вашата интелигенција веќе спаѓа во оние над просекот, тогаш подобро погледнете го наредниот совет.

5. Висока самодоверба – Ние сме позаведени од луѓето кои ни говорат со висока самодоверба, отколку од оние кои навистина знаат што говорат. И не само тоа, според една студија спроведена од Томас Чаморо-Премузик, психолог на Универзитетот Голдсмитс во Лондон, луѓето кои мислат дека се попаметни поминуваат подобро на академските тестирања отколку оние кои се поскромни, без разлика дали се надарени или не.

6. Зголемете ја вашата интелигенција – Научниците долго време сметале дека интелигенцијата е фиксна особина, но неодамнешни истражувања покажале дека со соодветно вежбање можете да ја зголемите способноста на менталната моќ која е наречена „флуидна интелигенција“. Најдобар начин на вежбање е читањето, така што ви препорачуваме уште веднаш да почнете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар