Како да изберете џемпер кој одговара на вашата градба на тело?

Како да изберете џемпер кој одговара на вашата градба на тело?

Џемперите се нашиот најголем моден сојузник во овие ладни денови, па затоа е многу важно, освен нивниот квалитет и топлината што ни ја пружаат, да обрнеме внимание и на нивниот изглед. Зошто тој е важен? Токму поради тоа што сите џемпери не одговараат на сечија градба на тело, па затоа може да се случи поради погрешниот избор да изгледате премногу дебело или чудно. Затоа погледнете кои модели на џемпери најмногу одговараат на вашата градба на тело.

1-kako-da-izberete-dzhemper-koj-odgovara-na-vashata-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

1. Тело со облик на песочен часовник

Доколку имате тело во облик на песочен часовник, веднаш заборавете ги вреќестите и широки џемпери. Избирајте ролки и џемпери со впечатлива јака, за на тој начин долниот дел од џемперот да ги истакнува вашите занесни облини. Од друга страна пак, џемперите на преклоп претставуваат одличен избор за вас, особено кога сакате да го нагласите вашиот струк. Освен тоа, избирајте струкирани џемпери, но и џемпери кои се врзуваат под градите.

2-kako-da-izberete-dzhemper-koj-odgovara-na-vashata-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

2. Тело со облик на круша

За вас се идеални џемперите со голема, впечатлива јака, но и оние на кои задниот дел им е подолг од предниот, кои по можност би биле и гломазни. Избирајте модели кои ќе го насочат вниманието на вашето торзо, но и модели со V-израз или А-крој. Добар избор се и џемперите со капа или со детали на рамената, но исто така вам ви одговараат и модели со дијагонално шиење, бидејќи ќе направат вашите колкови да изгледаат потесни. Кога станува збор за боите, телото со облик на круша е идеално за носење џемпери во силни бои.

3-kako-da-izberete-dzhemper-koj-odgovara-na-vashata-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

3. Тело со облик на јаболко

Доколку имате тело со облика на јаболко, избегнувајте ги кратките џемпери и секогаш избирајте долги. На овој начин визуелно ќе ја издолжите фигурата, а воедно и ќе ги истакнете своите облини. Добар избор за вас се џемперите со V-израз, но и џемперите кроени во облик на срце или квадрат. Избегнувајте ги широките џемпери, бидејќи тие визуелно ќе го прошират вашето тело, а доколку многу сакате да ги носите, тогаш комбинирајте ги со тесни фармерки или здолништа. Освен наброените видови џемпери, за вас одличен избор претставуваат и кардиганите.

4-kako-da-izberete-dzhemper-koj-odgovara-na-vashata-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

4. Тело со облик на правоаголник

Со оглед на тоа дека немате изразени облини, џемперот е оној кој визуелно треба да ги создаде. Затоа избирајте џемпери кои може да ги стукирате со каиш и на тој начин да создадете илузија на тело со облик на песочен часовник, но и големи, вреќести џемпери. Кардиганите се уште еден добар избор, но и ролките, кои ќе ги нагласат вашите бутини. Може да избирате и џемпери со детали на градите, за визуелно да ги истакнете, а доколку сакате џемпери со подлабок израз, тогаш задолжително со нив комбинирајте впечатлив накит, како обетки или ланчиња.

5-kako-da-izberete-dzhemper-koj-odgovara-na-vashata-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_

5. Големи гради

Доколку имате големи гради, немојте премногу да се оптоварувате околу тоа каков џемпер треба да носите, бидејќи сè што треба да направите е да го вовлечете вашиот џемпер во панталоните или здолништето кое го носите. Големите џемпери се уште еден добар избор, бидејќи во нив ќе се чувствувате пријатно, додека комбинацијата од светли и неутрални бои, при што неутралните бои се резервирани за горниот дел од џемперот, е совршен избор за вас!

6-kako-da-izberete-dzhemper-koj-odgovara-na-vashata-gradba-na-teloto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар