Како да изберете чанта која најдобро ќе го претставува вашиот моден стил
Конечно стигнавме до она што на девојките им е една од најважните работи во секоја модна комбинација, а тоа се чантите, покрај обувките кои, секако, не можат ниту на едно парче да му го отстапат своето прво место. Меѓутоа, кога ќе се постигне совршениот спој на чанта и обувки, тогаш стануваат целина која никако не може да се „скрши“. Следуваат неколку сосема освежувачки трендови во светот на чантите, торбите, торбичките, и сите останати модели на овој аксесоар, низ кои ќе го изразите сето она што го сакате и сите ваши особини и моден вкус, бидејќи е потребно доста труд за тие да се вклопат во рамките на некоја модна комбинација.
1. За тоа дека апсолутен тренд помеѓу чантите ќе бидат малите, округли модели, не мора многу да се зборува, ниту пишува. Веќе сите знаат дека ова е модел кој одлично одговара со некои елегантни, свечени комбинации, а очигледно е дека за лежерните комбинации е совршен детаљ. Поради тоа, најверојатно и вие самите во наредниот период ќе се одучите да носите нешто слично, што сигурно ќе открие дека не сакате досадни и едноставни чанти, а за тоа ќе сведочи токму нејзиниот облик.
2. Пастелните нијанси, некои природни бои во „ненападни“ нијанси и јасни форми ќе бидат уште еден тренд кој ќе се промовира во наредната сезона и ќе се смета за многу популарен. Ова е одличен аксесоар кој се комбинира со елегантни, сведени модни комбинации, но истовремено и доволно модерен за да укажува на тоа дека вашиот стил е добро изграден и дека сакате да носите парчиња кои оставаат впечатлива трага.
3. Едно од парчињата кое е промовирано кај многубројни модни блогеркии кое за толку кратко време стана популарно, што скоро сите девојки одлучиле да го поседуваат е мала торба, со јасна и цврста форма, со сребрена или златна шнола однапред, и во некоја силна боја која создава модерен изглед на секоја модна комбинација. Бројни дизајнери направија линии со вакви чанти, а помеѓу нив се наоѓаат Фурла, Прада, Баленсијага и други. Доколку сакате мали детали кои силно „зборуваат“ во свое име, а го имате тој стил кој се одликува со елегантни парчиња облека, но и со впечатливи аксесоари, тогаш ваквиот детаљ е одличен за вас.
4. За тоа дека не се само малите чанти актуелен тренд, доказ е и оваа шарена, голема чанта, која нема цврста форма, и се наоѓа на границата помеѓу чанта и торба. Секако, големата чанта секогаш ќе биде во тренд, бидејќи каде ќе се стави сето она што жените сакаат да го понесат со себе? Логично е дека и вие самите ќе „полудите“ по нејзината големина, а комбинацијата на бои ќе докаже дека имате занимлив, урбан стил, односно силни и цврсти карактерни црти кои заповедаат и впечатливи модни комбинации.
5. Доколку сакате да вртите по почетната страница на Инстаграм, тогаш ова е веројатно чантата која во последната недела сте ја виделе безброј пати, во различни комбинации на бои, со дополнителни детали или без нив. И домашните и странските модни блогерки буквално полудеа за оваа Гучи чанта, која одлично изгледа со шнолата која ја има напред и синџирот кој може да се користи да се стави на рамото или да се носи во рака. Доколку ги следите модните трендови и случувањата во дизајнерскиот моден свет, тогаш ова е сигурно чантата која ја посакувате, бидејќи совршено го надополнува вашиот специфичен стил и вашите особини.
6. Ова ќе го носат личностите кои ја сакаат романтиката и старите добри времиња, а можеби и љубителките на ретро стилот. Ако се пронаоѓате во сето ова, тогаш е средено, бидејќи Шанел го создаде вистинскиот модел за вас. Не сме сигурни колку оваа чанта е практична, ниту колку работи може да собере во неа, бидејќи флексибилноста не ѝ е силна страна, но дека ваквиот облик на стара видео камера освојува уште на прв поглед, сме 100% сигурни.