Како да имате природна насмевка на фотографиите?
Убава портрет фотографија е онаа на која изгледате природно. За да изгледате природно пак, треба да имате природна насмевка. За жал, колку и да се трудите, не можете да бидете сигурни каков ќе биде резултатот додека не ја видите сликата. А кога ќе ја видите, пак не сте задоволни. Еве неколку совети како да изгледате природно насмеани кога се фотографирате.
1. Кажете збор што завршува на „а“. Наспроти многу популарното „cheese“ кое го научивме од филмовите, гримасите кои се прават додека се изговара овој збор делуваат многу вештачки. Пробајте со „палачинка“ или „јога“.
2. Смешкајте се. Доколку се смешкате додека ве фотографираат поголеми се шансите да изгледате природно на фотографијата.
3. Ставете го врвот од јазикот зад предните заби. На овој начин лицето ќе ви биде поопуштено, но треба да внимавате, да не се познава дека го правите тоа.
4. Опуштете ги мускулите на лицето. Не стегајте го лицето. Така ќе изгледате уште повештачки. Природната насмевка се познава по устата и по очите, не по здрвените јаболчници.