Како да им ставите крај на лошите навики?

Како да им ставите крај на лошите навики?

Сите ние имаме лоши навики без разлика дали тоа го признаваме или не и големи се шансите дека сакаме да им ставиме крај, но не знаеме како. Во продолжение прочитајте ги нашите совети како да се откажете од нив и како да ја насочите енергијата кон нешто што би било продуктивно и корисно.

Како да им ставите крај на лошите навики?

Запишете ги вашите лоши навики

Запишете ја навиката од која сакате да се откажете како и начинот на кој ќе го сторите тоа, но и главната причина поради која сакате да ѝ ставите крај. Ова значително ќе ви помогне во текот на целиот овој процес.

Од каде потекнува навиката?

Можеби ви изгледа очигледно, но обидете се да сфатите зошто и во кои околности се придржувате до вашата навика. На тој начин можете полесно да ги промените работите дури и ако на почетокот почнете со мали чекори.

Поддршка

Поддршката е еден од клучните елементи кога се обидувате да се откажете од зависност или од лоша навика. Така, разговарајте со вашето семејство или пријателите кои сигурно ќе ви ја пружат сета можна поддршка и ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.

Поставете си мали цели

Поставете си цел дека цела една недела ќе ја игнорирате вашата лоша навика. Првин, обидете се еден ден, два дена и така натаму сè додека не помине цела недела. Се смета дека се потребни околу 20 дена за да се прекине една навика, па од големо значење е да бидете упорни и истрајни.

Откако прочитавте како да им ставите крај на лошите навики, можеби ќе сакате да прочитате и за 9 навидум лоши навики што имаат и позитивно влијание.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар