Како да им покажете на вашите пријатели дека навистина ги сакате?

Како да им покажете на вашите пријатели дека навистина ги сакате?

На повеќето им е познато дека малите работи се најзначајни во животот. Социјалните мрежи направија секој да има стотици пријатели и се чини дека одржувањето на односите преку Интернет е сосема нормално. Но, колку од овие пријатели се сметаат за навистина важни во вашиот живот? Од една страна технологијата може да направи да се чувствувате повеќе поврзани едни со други, пред сѐ поради лесниот начин на комуникација, но, истовремено, личноста од другата страна на екранот може да се почувствува изолирано. Па, доколку сакате да ги одржувате вашите блиски односи, време е да преземете неколку чекори.

Покажете им на вашите пријатели дека навистина ги сакате со помош на овие начини

1. Посетете ги без најава

Во едно спроведено истражување, 55% од анкетираните учесници се изјасниле дека кога некој пријател без најава ќе ги посети, тоа прави да се чувствуваат сакано. Се сеќавате ли кога последен пат сте го посетиле вашиот пријател дома, само за да го видите и да го поздравите? Иако постојано комуницирате, ништо не е подобро од средбата лице в лице. Истражувањата покажале дека да се биде во присуство на луѓето кои ги сакате е од клучно значење за одржување на вашето здравје и среќа.

2. Наместо да им испраќате пораки, јавете им се за да ги споделите најновите случувања

Сигурно и вие најчесто комуницирате преку пишување и веќе одлично се снаоѓате со емотиконите. Но колку и да е добро тоа, истражувањата покажале дека 51% од анкетираните учесници се изјасниле дека повеќе би сакале да ги слушнат нивните пријатели и на овој начин да ги споделат добрите вести.

3. Патувајте на викенд заедно

Повеќето луѓе бараат искуства што не можат да се повторат. Секој може да остане дома, да нарача пица и да гледа филм, но кога последен пат сте решиле да отпатувате некаде заедно? Осамените луѓе не живеат толку долго како луѓето кои се чувствуваат поврзани со нивните пријатели. Значи, слободниот викенд испланирајте го за патување со вашиот најдобар пријател. Не мора да имате еден куп пари, доволно е само да се оттргнете од секојдневието и да уживате во меѓусебното дружење.

Покажете им на вашите пријатели дека навистина ги сакате со помош на овие начини

4. Посветете се на вашиот разговор

Без разлика дали комуницирате преку пишување или пак, разговарате лице в лице, трудете се да бидете фокусирани на вашиот разговор. Тргнете ги настрана телефонот и лаптопот и сконцентрирајте се на она што го зборувате. Вистинските пријатели вредат за да бидат ислушани, затоа, посветете им го целото ваше внимание.

5. Кажувајте им дека ги сакате

Можеби длабоко во себе чувствувате дека го сакате вашиот пријател, но колку често му го кажувате тоа? Ако и вие сте од оние личности кои потешко се изразуваат, можеби е време да го смените тоа. Ако сакате некого, потребно е тоа да му го кажете. Се разбира, секогаш треба да се однесувате со почит и разбирање со најблиските, но давајќи им до знаење дека ги сакате, тие ќе почувствуваат дека навистина се важни за вас.

6. Бидете до нив во тешките времиња

Секој во животот искусува и добри и лоши работи. Убавите работи поминуваат лесно, но кога вашите пријатели минуваат низ тежок период, многу им е важна вашата поддршка. Освен долгите разговори на Фејсбук, одвојте време да им се јавите и да им покажете дека навистина се значајни за вас и дека сте тука за нив во кое било време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар