Како да го заштитите мозокот од загадување во негативен свет?
Вестите и информациите од светот, речиси секојдневно предизвикуваат непријатни чувства во нас и поради нив ја губиме вербата во човештвото и светлата иднина. Многу е тешко да се остане позитивен во свет полн со омраза. Можеби е тешко, но не е невозможно. Потребен е малку поголем напор и работа на сопствениот поглед на животот и на светот, воопшто.
1. Прифатете го неизбежното
Потребно е да вложите многу енергија за да ја избегнете фрустрираноста од работите што се случуваат во светот. Доколку премногу внимание обрнувате на секоја информација, на крајот на денот ќе бидете исцрпени и воопшто нема да има имате контрола врз некои работи. Понекогаш, колку и да изгледа поразително, прифатете го фактот дека не можете да влијаете врз некои работи и продолжете понатаму. Не губете си го времето размислувајќи премногу на нештата за кои сте апсолутно немоќни.
2. Сменете го фокусот
Наместо постојано да велите „Има премногу зло во светот“, променете го вашето размислување со тоа што почесто ќе велите „Има толку многу убавини и добри работи во светот“. Секако, вие ја знаете вистината – постојат и добри и лоши сили, но ставете го фокусот на позитивните нешта. По секоја лоша вест што ќе ја слушнете, најдете начин што побрзо да ја избришете од вашата глава, прочитајте нешто позитивно, погледнете некој добар филм или слушајте ја омилената музика. Посветете се на убавите работи. Со тоа нема да го намалите бројот на лошите нешта, но ќе го заштитите организмот од преголем стрес.
3. Најдете си хоби
Наместо да развивате лоши навики, како пиење и пушење, кои луѓето многу често ги користат под изговор дека преку нив се смируваат, најдете покреативен начин да ја исфрлите негативноста насобрана во вас. Најдете хоби и преокупирајте го мозокот со креативни мисли и идеи. Цртајте, пишувајте, плетете, спортувајте… Постојат голем број начини да ги оттргнете мислите од секојдневното црнило.
4. Опкружете се со позитивни луѓе
Вие ги примате сите емоции кои излегуваат од другите луѓе. Затоа внимателно избирајте си го друштвото. Ако сте постојано опкружени со луѓе кои се жалат на сè и сешто, многу лесно можете да паднете во замката и вие да почнете да го правите истото. Затоа, бидете во друштво на ведри и насмеани луѓе, кои знаат да се радуваат и на најмалите нешта и кои се вистински благодарни за работите кои ги имаат во својот живот. Тие луѓе ќе ве мотивираат да одите напред и да постигнете неверојатни резултати.
5. Бидете благодарни за сè во животот
Секој човек во животот се соочува со тешкотии, некои се поголеми, а некои помали. Но, не заборавајте дека околу вас имате многу работи на кои можете искрено да бидете благодарни. Уште овој миг, додека го читате овој текст, можете да бидете благодарни за две работи – интернет и компјутер или паметен телефон. Знаете ли колку луѓе во светот ги немаат тие две,три работи? Бидете вистински благодарни за сите нешта кои ги имате во животот.
6. Позитивноста е „заразна“ работа
Кога еднаш ќе се охрабрите да го смените фокусот и ќе почнете работите да ги гледате на поинаков начин, ќе се наполните со позитивна енергија, која ќе ви го разбистри умот и ќе ви даде одредена моќ да дадете свој придонес во подобрувањето на светот. Не го сфаќајте животот секогаш толку сериозно. Отворете се за новите предизвици. Започнете ги промените од вас. Еден мал гест на добрина може да има домино ефект.