Како да го зачувате бракот кога ќе дојде првото бебе?

Како да го зачувате бракот кога ќе дојде првото бебе?

Еден од најголемите предизвици во бракот е проширувањето на семејството. Иако станува збор за среќен настан, партнерите често се оддалечуваат бидејќи немаат време еден за друг. Наместо романтичните вечери со вино, доаѓаат бессоните ноќи, а страсните бакнежи се заменети со нечисти пелени. Дури и најголемите љубовници се претвораат во исцрпени родители.

Експертите од Универзитетот Гетебург во Шведска забележале дека дури третина од паровите се разделуваат по раѓањето на бебето. Едно неодамнешно истражување го тестирало однесувањето на паровите во три фази, најпрво на шест месеци по раѓањето на првото дете, па после четири години и уште еднаш после осум години.

Ова истражување дошло до интересни заклучоци и ги открило најдобрите тајни за зачувување на бракот од паровите чие проширување на семејството довело до зајакнување на врската наместо до оддалечување.

1. Јасна комуникација

Секогаш е важно да разговарате отворено со партнерот и да му кажете точно што чувствувате и што сакате, особено во моментите кога животот многу ви се менува. Од тоа зависи и дали ќе останете со него или ќе тргнете по свој пат.

2. Чести прегратки

Сигурно нема да можете да водите љубов онака како што сте навикнати, но не откажувајте се од прегратките и бакнежите на поминување, бидејќи токму физичкиот контакт е оној што го зацврстува односот и ве доближува.

3. Негување на заедништвото

Ова е многу тешко, но експертите апелираат да се потрудите. Не дозволувајте сите разговори да ви се сведат на пелени и храна за бебето. Зборувајте за себе, за вашите денови и продолжете со планирање на заедничката иднина.

4. Барање помош

Немојте да го напуштите бродот што тоне на првиот знак за неволја. Бидете трпеливи и трудете се најдобро што можете за да ја одржите врската во живот. Ако сметате дека не успевате сами, побарајте помош од професионалец.

Прва помош во 6 чекори: Што да направите ако вашето дете проголта некој предмет?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар