Како да го „зачините“ вашиот брак по раѓањето на бебето?
Одлуката да имате бебе е една од најважните нешта што треба да ги направите во вашиот живот. Тоа значи преземање одговорност на различно ниво, а и избор да сакате некој на поинаков и несебичен начин. Од една страна бебето има моќ помеѓу вас и вашиот партнер да создаде една цврста врска за каква што не сте ни помислувале, но од друга страна има потенцијал да отстрани поголем дел од шармот и романсата во вашиот брак. Тука е вклучена екстремната нерасположеност, недостатокот на грижа за себе, па и промени во вагината кои не треба да бидат природна појава. Но, не треба да препуштите новите случувања да ве оддалечат од партнерот. Погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ги сочувате односите со вашиот партнер по раѓањето на бебето.
1. Започнете сѐ од почеток
Вашите сексуални активности може да се намалат во текот на бременоста, но секогаш е добра идеја повторно да се вратите како на почетокот. Ако некогаш сте се прашувале како сексуално да го подобрите вашиот брак по породувањето, најпрво започнете со бакнување, а потоа со текот на времето работите ќе се одвиваат на природен начин.
2. Обновете ја долната облека
Една од работите кои прават жената да се чувствува попривлечно е новата долна облека. На овој начин ќе покажете повеќе сексапил, а нивото на самодоверба значително ќе ви се зголеми, па накратко ќе заборавите низ што сте поминале последните девет месеци. Можеби ќе имате делови од телото коишто би сакале да ги прикриете, но вашиот партнер нема да се грижи околу тоа.
3. Туширајте се често
Иако можеби со новото бебе ќе бидете повеќе зафатени и на тој начин малку ќе ја запоставите својата лична хигиена, сепак, треба да пронајдете време и за себе. Не можете да бидете најдобра мајка доколку не се грижите за себе. Ова е од клучно значење за да се осигурите дека се чувствувате добро во своја кожа, па ќе направите и вашиот партнер да се чувствува поудобно.
4. Закажете си љубовен состанок
Најдобар начин да го подобрите вашиот брак откако ќе имате бебе е што почесто да излегувате на љубовни состаноци. Можеби ќе ви биде тешко да го оставите вашето дете на некој друг, но имајте предвид дека треба да одвоите време и само за вас двајца. Сосема природно е целото внимание да го посветите на новороденчето, но сепак и вашиот партнер има потреба од љубов и внимание.
5. Прифатете ги промените
Соочете се дека вашето тело се променило. Не сте повеќе дете, туку сега сте мајка со повеќе обврски и помалку спиење. Како и да е, треба да сфатите дека со промените не сте изгубиле ништо, туку само сте добиле едно поинакво животно искуство. Прифатете се онакви какви што сте, а и вашиот сопруг без размислување ќе го направи ова ако вистински ве сака.
6. Фокусирајте се на вашиот партнер
Лесно е да се заборави дека до себе имате некој кој ве поддржува во тешките денови и кој ќе ви помогне да го израснете вашето дете. Но, потсетете се дека треба да одвоите некои моменти само за вас, време кога ќе разговарате и ќе ги споделите меѓусебните проблеми.
7. Подарете си мало внимание
Најверојатно последните месеци од бременоста не сте сакале да бидете вознемирувани, сепак, тоа е природно. Меѓутоа, по породувањето имате многу можности да го изненадите вашиот сопруг. Подарете си мало внимание така што ќе ги посетете салонот за убавина и ќе ги отстраните срамните влакненца. Можете дури и да направите „фризура“ со цел да го изненадите.
8. Секојдневно правете вежби за вагината
Без разлика дали сте се породиле вагинално или со царски рез, може да искусите олабавување на вагиналните мускули, дополнителен притисок и физички промени кои настануваат кога вашето тело се подготвува за раѓање. Не оставајте го ова вака. Практикувајте ги вежбите Кегел, а за ова никој и не мора да знае. Така може значително да си го подобрите бракот, а не бара многу вложување.
9. Гледајте некој филм
Понекогаш на сите им треба малку помош околу тоа како да ги постават работите на свое место по раѓањето на бебето, или пак како да го подобрат сексуалниот живот. Никогаш не треба да се срамите да погледнете некој филм заедно кој ќе има за цел повеќе да ве запознае со работите. Можеби на овој начин ќе откриете и повеќе нешта кај себе што не сте ги знаеле.
10. Разговарајте за вашите потреби
Комуникацијата е клучна во секоја врска, особено во бракот. Многу е важно да комуницирате со партнерот за вашите потреби и чувства. На овој начин ќе ги избегнете недоразбирањата и ќе ги подобрите меѓусебните односи.
11. Искористете ги предностите на електронските уреди
Дали сте размислувале да го користите вашиот мобилен телефон или лаптоп за да го изненадите вашиот партнер? Испратете му секси порака во текот на денот, со што ќе го подготвите за она што ќе се случува кога ќе се врати. Исто така можете да купите и некоја секси играчка. Доколку не сте ги користеле, започнете со нешто помало и поедноставно. Ова може да ја претвори ситуацијата во искуство коешто долго ќе го паметите. Сѐ што треба е да се обидете.
12. Вежбајте
Вежбањето секогаш ќе направи да изгледате, а и да се чувствувате добро. Без разлика дали ќе посетувате теретана или пак, ќе вежбате дома, ова никогаш не е лоша идеја.
Сепак, потребно е да запаметите дека не постои вистинско или погрешно упатство кое објаснува како да го подобрите вашиот брак. Сето тоа зависи од вас и работите кои ве исполнуваат.