Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

За да го направите вашиот дом попривлечно и поромантично место, треба да ги задоволите вашите сетила. Одберете голем и удобен мебел, нежни ткаенини, привлечни мириси и придушени светла. Но, не претерувајте. Еве неколку совети како вашиот дом да се претвори во едно едноставно, но сензуално место за Денот на вљубените.

Црвен аларм

Црвената боја има неверојатна енергија. Таа го забрзува пулсот и го разработува метаболизмот. Њујоршкиот декоратор Мили де Каброл ја препорачува црвената боја за акцентирање на одредени делови, како што се кадифен стол, голема слика или тепих. Црвената боја може да се комбинира со смарагдно зелена, портокалова или кралско сина боја.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Вечерно светло

Најдобро е да се одлучите за столни ламби. Мол Андерсон, авторот на книгата „Заводлив дом“, сугерира да инвестирате во придушено светло. Според Андерсон, светлото е многу важно за секоја соба. Тоа може дури и да ја смени намената на собата и да ја направи многу попривлечна.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Вечен пламен

Во прилог на ламбите и придушеното светло, треперењето на пламенот од свеќите е совршен додаток. Без разлика дали се мали или големи, тесни или широки, во чаша или во свеќник, свеќите секогаш го поттикнуваат романтичното расположение.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Нежен допир

Удобните и нежни ткаенини не само што го задоволуваат сетилото за допир, туку може да изгледаат и многу луксузно. Одберете перници од кашмир, свила, кадифе или вештачко крзно, во кафеава, сива или кремаста боја.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Островот на фантазијата

Едно парче мебел во големи размери може да создаде романтична атмосфера во гостинската или во спалната соба. Можете да ја создадете сопствената фантазија во кревет со балдахин.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Љубовна јама

Украсете ја најважната соба со нежна постела, но не заборавајте го и удобниот душек. Андерсон советува да одберете постела во која ќе се чувствувате удобно, потоа додадете уште неколку перници, а наутро послужете го партнерот со топло кафе.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Моќта на мирисот

Романтиката, апетитот и мирисот се меѓусебно интимно поврзани. Мирисот на ванила, роза, иланг-иланг, бергам и јасмин се познати афродизијаци. И лавандата е, исто така, добар избор затоа што ја обожаваат и мажите и жените. Ако сте се одлучиле за неароматични свеќи, во тој случај може да употребите миризливи стапчиња.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Променете го местото

Вечерата на невообичаено место дава чувство на леснотија и изненадување. За промена, послужете ја вечерата во дворот, на терасата или на некое друго невообичаено место.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Здравица со црвено вино

Секогаш во близина имајте добро црвено вино и вински чаши. Тоа е добар начин да се започне разговорот. Дури и ако сте преморени од работа, чаша црвено вино може да ја направи романтична дури и најобичната вечера. Уште подобро е ако сте инвентивни и кажете некоја креативна здравица.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?

Природен инстинкт

За романтична атмосфера на масата, заборавете на чаршафите. Не покривајте ја масата, туку декорирајте ја со стаклени вазни или поголеми чаши полни со цвеќе. Сензуалноста е природен инстинкт што ја нагласува природната убавина.

Како да го украсите домот за Свети Валентин?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар