Како да го сокриете вишокот килограми?
Оние екстра килограми кои сте ги добиле за време на празниците или сте ги имале претходно, се најтешки за елиминирање. Но, наместо да чекате подолг период за да се ослободите од нив, стилистите ви откриваат неколку трикови како веднаш да ги прикриете критичните делови.
Тон скапоцени камења
Одвлечете го погледот од половината и фокусирајте го околу вратот со помош на масивен накит како индивидуален додаток или пак како дел од фустанот. Така не само што ќе го прикриете критичниот дел, туку и ќе го разубавите деколтето.
Сјајни чевли
Играјте си со додатоците, но фокусирајте се и на вашите стапала. Носете високи сјајни потпетици со боја идентична на вашата кожа. Тие ќе ви додадат екстра висина и ќе ја издолжат вашата силуета.
Дефинирање на моментот
Ретро фустаните во А-линија нудат јасно дефинирана половина. Ако вашиот проблематичен дел се колковите, овие фустани се одличен избор затоа што го оддалечуваат погледот од нив, а го фокусираат кон половината.
Секојдневно и кул
Удобните алишта се исто така одлични за сокривање на килограмите. Тесните фармерки комбинирани со блескава јакна ќе го одвлечат вниманието од вашата половина. Стратегијата ќе биде поуспешна ако додадете и чанта со должина до колковите.
Големото откривање
Фустан со долги ракави со должина до земјата, е исто така одличен избор посебно ако на него има отсечени делови на сигурните зони. Со откривањето на сигурните зони, истовремено се прикриваат проблематичните делови од телото.
Чиста убавина
Црните хулахопки се доволно транспарентни за да биадт секси, а сепак да имаат ефект на послаби нозе и колкови.
Убаво царство
Класичен кралски модел, кој ја дефинира половината и ги открива рамењата, одлично ги сокрива недостатоците кај секое пониско тело.
Разголено рамо
Фокусирајте ги туѓите погледи на горниот дел од вашето тело. Тоа можете да го постигнете со помош на несиметрично деколте, кое истовремено ќе ги истакне и рамењата.
Широк капут
Широкиот капут или џемпер може да сокрие голем дел од недостатоците. Најдобро е ова парче облека да се комбинира со високи чизми.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
samo ne mi e jasno zashto sekogash na vakvite statii vo prilog ima sliki so anoreksichni manekenki…navistina koja e poentata?!
A mene ne mi e jasno kaj gledas anoreksicni manekenki ?
Taka si gi lecis kompleksite?
luna, vo zabluda si, nemam jas nikakvi kompleksi…zboruvam za kompetentnosta na temata koja bi trebalo da demonstrira sokrivanje na vishok kilogrami-shto e logichno deka bi trebalo kako modeli da se koristat devojki so vishok kilohrami kaj koi bi se videlo takvoto sokrivanje….ajde te pozrdavuvam i olabavi se malce, mnogu si napnata 🙂
se soglasuvam so tina. tekstot nema bas smisla so vakvi sliki.