Како да го скратите траењето на менструалниот циклус на природен начин?

Како да го скратите траењето на менструалниот циклус на природен начин?

За една недела ве очекува некој важен настан, а вие почнувате да чувствувате болки во долниот дел од стомакот, грчеви, градите ви се отечени и цело време проверувате да не сте добиле менструација порано одошто сте очекувале. Тоа и се случува. Сѐ што посакувате во вакви моменти е да се напиете некое магично апче кое ќе ви помогне да го скратите траењето на менструацијата. Добрите вести се дека не ви е потребно апче туку неколку природни состојки што ќе ви помогнат да се справите со проблемот. Прочитајте за што станува збор…

1. Вода и лимон

Како да го одложите добивањето менструација на природен начин?

Потребни состојки:
  • Лимон
  • Чаша вода
Начин на подготовка:

Исцедете го сокот од лимонот, додајте вода и испијте го. Ова можете да го правите секогаш кога сакате да го скратите менструалниот период.

Зошто ова функционира?

Ова еден од тие лекови што се пренесуваат со генерации. Се верува дека сокот од лимонот може да го скрати менструалниот период или да го одложи, во зависност од тоа кога се јавува. Киселинските сокови на лимонот вршат детоксикација на телото и ѝ помагаат на слузта од матката да истече побрзо.

2. Јаболков оцет

Како да го одложите добивањето менструација на природен начин?

Потребни состојки:
  • Две лажички јаболков оцет
  • Чаша вода
Начин на подготовка:

Измешајте го оцетот со водата и испијте го. Пијте три до четири чаши од растворот секој месец кога ќе треба да добиете менструација.

Зошто ова функционира?

Исто како и лимонот, јаболковиот оцет ги отстранува токсини и го намалува протокот на крвта.

3. Желатин

Како да го одложите добивањето менструација на природен начин?

Потребни состојки:
  • Пакетче желатин
  • Чаша вода
Начин на подготовка:

Ставете го желатинот во водата и испијте ја брзо. Доволно е да испиете само една чаша, но можете да го повторите процесот по неколку часа доколку сметате дека е потребно.

Зошто ова функционира?

Многу жени ширум светот го имаат користено овој лек и успешно ја сопреле менструацијата на неколку часа. Желатинот се користи во кинеската медицина како лек за обилно крвавење.

4. Есенцијални масла

Како да го одложите добивањето менструација на природен начин?

Потребни состојки:
  • 6 капки масло од жалфија
  • 6 капки масло од лаванда
  • 2-3 лажици бадемово масло
Начин на подготовка:

Измешајте ги есенцијалните масла со бадемовото масло. Потоа, масирајте го стомачниот и карличниот предел со оваа смеса додека не се впие во кожата. Треба да се масирате два пати дневно.

Зошто ова функционира?

Жалфијата ќе ги опушти мускулите на вашата матка. Маслото од лаванда, пак, ќе ги опушти вашите нерви и ќе ви го намали стресот. Но, не го употребувајте овој лек доколку имате напади или епилепсија.

5. Ѓумбир

Како да го одложите добивањето менструација на природен начин?

Потребни состојки:
  • 1/2 до 1 парче ѓумбир
  • 1 лажица мед
  • 1 шолја врела вода
Начин на подготовка:

Издробете го ѓумбирот на парчиња и потопете го во врелата вода. Оставете го да отстои неколку минути. Исцедете ја водата и додајте го медот. Испијте ја течноста додека е топла. Можете да пиете две до три шолји чај од ѓумбир дневно.

Зошто ова функционира?

Ѓумбирот помага при воспаленија и го спречува создавањето на простагландин, хормон што се ослободува за време на менструацијата и ја поттикнува матката да ја исфрла слузта. Ѓумбирот исто така се користел во кинеската медицина, бидејќи помагал при одложувањето на менструацијата. Но, доколку имате проблеми со крвта и земате лекови за да го спречат згрутчувањето на крвта, не користете го овој лек, бидејќи ѓумбирот ја проретчува крвта.

Продолжете на следната страница за останатите 5 природни лека…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар