Како да го решите проблемот наречен „ладни стапала“?

Како да го решите проблемот наречен „ладни стапала“?

Сите што патат од ладни стапала знаат колку е тешко да се издржи зимата. Изгледа дека што и да направите, што и да облечете, едноставно не можете да се чувствувате пријатно. И не само тоа, туку ладните стапала исто така го разладуваат целото тело, а со тоа и ви го намалуваат имунитетот. Овој проблем е особено изразен кај жените, бидејќи тие природно имаат помалку мускули. Па, ако сакате да си помогнете и барем на кратко да ги загреете вашите стапала, притоа подобрувајќи си го здравјето, еве што треба да направите…

kako-da-go-reshite-problemot-narechen-ladni-stapala (2)

1. Носете правилни обувки

Освен удобноста на самите чевли, треба да внимавате и тие да не се премногу тесни, бидејќи во спротивно ќе ви ја нарушат циркулацијата на крвта. Исто така добро е да имате чевли и чорапи од природни материјали, како што се кожата и волната. Комбинацијата на овие два материјала ќе го спречи потењето на нозете, истовремено намалувајќи го и нивното мрзнење.

2. Пијте доволно течности

Пиењето течности го поттикнува крвотокот, а со тоа и го стоплува вашето тело. Оптималната количина вода на дневно ниво е околу 2 литра дневно. Алкохолните пијалаци треба целосно да се исфрлат затоа што тие го имаат спротивниот ефект. Иако на почетокот можете да почувствувате наплив на топлина од нив, тоа брзо ќе се претвори во студенило. Истото важи и за цигарите и кафето.

3. Консумирајте топла храна

Овошјето и зеленчуците се богати со витамин Б што му помага на телото во градењето отпорност на ладното. Но, најпознатите борци против студенилото се топлите супа и чај.

kako-da-go-reshite-problemot-narechen-ladni-stapala (1)

4. Редовно посетувајте сауна

Најбрзиот начин за покревање на циркулацијата е сауната што ќе ѝ овозможи на крвта да продре до секој скриен агол на вашето тело. Вие исто така и длабински ќе се стоплите, на тој начин подолго задржувајќи ја топлината во себе. Сауната го подобрува и целиот имунитет, но ова важи само ако веќе сте здрави. Ако сте настинати, бегајте што подалеку од сауната!

5. Практикувајте го овој стар трик

Ова е најверојатно најстариот трик во борбата против ладните стапала. Наизменично ставајте ги нозете во ладна вода, па во топла. Овој трик ќе го стимулира протокот на крвта во телото и вашите стапала подолго ќе останат загреани. Исто така, што почесто можете правете си топли бањи.

6. Масирајте ги стапалата

Можете и самите да ги масирате, но ефектот ќе биде уште поголем доколку тоа го направи некој друг за вас. На пример, доволна е само 15-минутна масажа на стапалата пред спиење, секојдневно, за значително да ја подобрите циркулацијата на крвта. Сигурни сме дека вашиот партнер нема да има ништо против ова слатко задоволство!

Прочитајте ги и овие дополнителни 6 начини на кои можете да ги стоплите вашите ладни стапала!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар