Како да го продолжите животот на вашиот омилен парфем?

Како да го продолжите животот на вашиот омилен парфем?

Промената на бојата и неудобниот мирис се знаци кои покажуваат дека животот на вашиот парфем истекува. Прашањето кое сигурно си го поставувате на себе е како да му го продолжите животот на вашиот омилен парфем? Погледнете што открија творците на парфемите.

1-kako-da-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashiot-omilen-parfem-www.kafepauza.mk_

1. Чувајте ги парфемите во темни и ладни простории

Изложеноста на топлина и влага влијае на промената на мирисот и физичките својства на парфемот и ги уништува неговите состојки како што се на пример етеричните масла. Творците на парфемите веруваат дека всушност бањата не е добро место за чување на парфемите. Како идеално место се препорачува фрижидерот или гардероберот, односно просторот кој не е премногу топол и мрачен. Температурата околу 5 степени Целзиусови се покажала како идеална за чување на парфемите.

2. Не го оставајте парфемот пречесто отворен

Ова е важен чекор во зачувувањето на мирисот и може да има силни негативни последици. Кога шишенцето парфем е предолго отворено и со тоа изложено на воздух, мирисот ќе почне да оксидира и да прима непријатни ноти. Продолжете да го чувате парфемот во оригиналното шишенце, според советите на творците на парфемите, бидејќи пренесувањето на течноста во друго шишенце доведува до непотребна изложеност на воздух што може прерано да го уништи мирисот.

2-kako-da-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashiot-omilen-parfem-www.kafepauza.mk_

3. Земете ги во обѕир промените на парфемот

Општо кажано, парфемите со текот на времето стануваат потемни и започнуваат да попримаат чудни мириси. Ако се држите до овие едноставни упатства, творците на парфемите веруваат дека ќе го продолжите животниот век на парфемот за 2-3 години.

4. Животниот век на поединечни видови парфеми е различен

Цитрусните мириси не можат да се пофалат со долг животен век, првенствено поради високиот процент на цитрусно масло кое е едно од чувствителните. Ориенталните мириси траат долго, но во текот на одредено време може да доживеат промена на бојата поради слатките ноти на ванила. Цветните и дрвенестите мириси по природа се цврсти, а со самото тоа и долготрајни.

3-kako-da-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashiot-omilen-parfem-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар