Како да го преживеете жешкото лето и да уживате во него со полни гради

Како да го преживеете жешкото лето и да уживате во него со полни гради?

На поголемиот дел од луѓето омилено годишно време им е летото. Особено сега, кога сме заглавени некаде помеѓу досадниот дожд и сивите облаци, повеќето од нас заклучуваат дека едвај ги чекаат топлите денови. Ако нешто друго, времето е сончево, а тоа автоматски ве прави посреќни и расположени. Природата е зелена и расцветена, можете да јадете сладолед и да одите на плажа или на базен. Накратко, кога е лето, сите ние сме посреќни. Сепак, без разлика колку го сакаме ова годишно време, сепак не можеме да заборавиме на тоа дека е пеколно топло, лепливо и непријатно за живот. Се чувствувате како да се топите. За да го избегнете сето тоа, ве советуваме да започнете да ги применувате овие неколку трикови кои ќе ви помогнат да го преживеете топлото лето.

2-kako-da-go-prezhiveete-zheshkoto-leto-i-da-uzhivate-vo-nego-so-polni-gradi-www.kafepauza.mk_

1. Водата е сѐ

Да се разбереме, секојдневно треба да консумирате вода во доволна количина, но факт е дека во текот на зимата немаме толку голема потреба за неа како што е случајот во лето. Во лето не можеме да го замислиме нашиот живот без студена вода која е толку освежувачка откако ќе се засили сонцето. Затоа, со себе секогаш носете шише со вода или обидете се постојано да купувате изладена вода која понекогаш можете да ја искористите за да ги измиете рацете или лицето. Освен тоа, ладното шише со вода секогаш можете да го доближите до вашето тело и за момент да се почувствувате како да сте во фрижидер. Чувството е доста пријатно.

2. Лепезата мора да си најде место во вашата чанта!

Лесно е кога можете да седите во климатизирана просторија во текот на целиот ден, но што кога треба да излезете надвор и да се соочите со реалниот живот? Па, очигледно е дека не можете со себе да ја понесете климата или вентилаторот, но секогаш можете да понесете рачен вентилатор, или лепеза. Лепезата можеби нема да ве разлади како климата, но подобро е нешто отколку ништо, зар не? Само имајте на ум дека ви е потребна добра кондиција.

1-kako-da-go-prezhiveete-zheshkoto-leto-i-da-uzhivate-vo-nego-so-polni-gradi-www.kafepauza.mk_

3. Памук, памук, памук

Со оглед на тоа дека во лето е топло и дека со задоволство би излегле од сопствената кожа, потребна ви е полесна гардероба. Токму поради тоа, летото е незамисливо без памук, односно лесни, природни материјали во кои ќе се чувствувате пријатно и удобно. Значи, задолжително набавете памучни здолништа, блузи и фустани, а тие ќе ѝ овозможат на вашата кожа да дише слободно дури и во најтоплите летни денови.

4. Почестете се со сладолед или ладна лубеница

Секогаш кога ќе имате прилика, одете на базен, опуштете се покрај река, фантазирајте како лежите на плажа или уживате во морските бранови. Покрај тоа, уживањето ќе биде целосно со вашиот омилен сладолед, совршено ладната лубеница или некоја друга омилена овошка. Ваквите ситни задоволства ќе ве направат среќни, но и ќе ви ги оттргнат мислите од неподносливите горештини. Наскоро ќе падне вечерта, а летните вечери се секогаш попријатни од летните денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар