Како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи?

Како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи?

Нашиот свет е дигитален и сè повеќе и повеќе зависиме од технологијата за да се поврземе едни со други. Денес речиси целата комуникација се одвива преку социјалните мрежи. Сите сме присутни и имаме идентитет на социјалните мрежи, кои пак ги користиме за да видиме што прават другите, но и да споделиме нешто за нас.

Како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи?

Навистина има многу придобивки од социјалните мрежи. Тие нè зближуваат дури и кога сме оддалечени од саканите, а понекогаш ни помагаат да кажеме работи што немаме храброст да ги изустиме во живо.

Но што кога ќе ставите крај на некоја врска и се обидувате да ја преболите, но каде и да погледнете се појавува бившиот партнер? Веројатно почнувате да го „демнете“ бившиот партнер на социјалните мрежи и гледате колку одлично се чувствува без вас. Тогаш се појавува чувство на одбивање и се чувствувате навистина лошо во врска со себе. Па, погледнете како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи.

1. Поставете здрави граници за информациите што ги споделувате

Навистина е важно да сфатите што се случува во вас и да ја препознаете загубата што ја чувствувате. Ова е период кога сте навистина ранливи и чувствителни. Понекогаш сакате да се искажете за бившиот, но немојте, бидејќи подоцна ќе би виде криво. Не сите што ќе ја прочитаат вашата објава ќе бидат добри кон вас, па нема потреба да се изложувате на тоа.

Грижете се за себе. Во овие периоди многу е важна поддршката. Разговарајте за вашите чувства со семејството или со пријателите, а можете да најдете и група за поддршка – луѓе што поминале низ истото и што ќе ве разберат. Опкружете се со оние коишто ве сакаат и се грижат за вас.

2. Соберете храброст да го избришете бившиот од вашиот живот

Ако она што го гледате ве разочарува и сте станале опседнати со објавите на поранешниот партнер, потребно е да престанете. Избришете го од листата на пријатели или сокријте ги објавите од него. Немојте да се ставате во позиција да гледате колку е среќен без вас. Исто така не заборавајте дека луѓето создаваат совршена слика на социјалните мрежи што не е секогаш реална. Всушност, понекогаш колку повеќе луѓето објавуваат за нивниот прекрасен живот, толку повеќе лажат за тоа. Се чувствуваат присилено да објават колку добро си поминуваат наместо целосно да уживаат во моментот.

3. Не објавувајте ништо додека сте гневни, тажни или повредени

Најдобрите одлуки и најмудрите зборови доаѓаат кога сте смирени, а не ранливи. Веројатно ќе зажалите ако објавите нешто додека сте гневни.

4. Контролирајте ја желбата повторно да се поврзете

Понекогаш ќе се појави желбата повторно да се поврзете со бившиот, без разлика дали тоа е со „лајкување“ на негова фотографија или праќање порака. Ова може да ве повреди и не е здраво за вас. Ви покажува дека не сте го преболиле бившиот и дека е потребно да ја излечите вашата внатрешна болка пред да започнете здрава врска. Ако ја почувствувате оваа желба, веднаш јавете му се на пријател или излезете на прошетка за да се смирите. Немојте да ги потиснувате вашите чувства. Препознајте ги и искажете ги, но направете го тоа на здрав начин.

5. Престанете да бидете љубопитни, тоа е негативно

Луѓето речиси секогаш сакаат да дознаат со кого се гледа бившиот партнер. Како изгледа таа личност, што сака, што има што вие го немате… Сосема природно е да бидете љубопитни и да се споредувате, но немојте да комуницирате со таа личност. Таа не ве познава и сигурно не сака да биде во контакт со вас.

Обрнете внимание на вашиот внатрешен свет. Размислете како се чувствувате кога ги гледате фотографиите на бившиот или на неговиот нов партнер. Ако забележите дека се споредувате, се чувствувате анксиозно и тажно, или минувате часови на социјалните мрежи, потребно е да престанете и да обрнете внимание на она што се случува во вас. Сето ова најверојатно значи дека не сте го преболиле бившиот, но тој најверојатно ве заборавил или барем се обидува. Размислете што кажува и што значи тоа за вас.

Бидете добри кон себе, сакајте се, правете нешта што прават да се чувствувате добро. Исполнете си го денот со работи кои се добри за вас. Ова не значи да не чувствувате болка или гнев. Почувствувајте ги, разговарајте за нив со вашите блиски. Размислете што би го советувале пријателот доколку се наоѓа во иста ситуација и следете ја вашата мудрост. Најверојатно вашиот совет е одличен и за вас.

Дознајте и кои се причините поради кои не можете да го преболите бившиот парнтер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар