Како да го одберете вистинскиот парфем без болки во главата?

Како да го одберете вистинскиот парфем без болки во главата?

Одбирањето на вистинскиот парфем може да биде исцрпувачко искуство. Спојот на различните мириси во парфимериите ве зашеметува дури пред да се втурнете во самата потрага. И доколку сѐ уште го немате одбрано вашиот препознатлив парфем, време е за промена на стратегијата! Еве што ни препорачува Алберто Мориљас, врвниот дизајнер на парфеми, кој меѓу другото го има создадено и неповторливиот „Versace Bright Crystal“.

kako-da-go-odberete-vistinskiot-parfem-bez-bolki-vo-glavata-kafepauza.mk

Одберете го вистинското време

Одберете го вистинското време за одење во парфимерија. „Раното попладне е моментот кога сетилните клетки за мирис се најчувствителни“, вели Мориљас. Исто така, пред да излезете од дома не ставајте никаков парфем бидејќи нема вистински да ги почувствувате мирисите кои потоа ќе ги нанесувате на кожата.

Потрудете се да го ограничите изборот

Пред да купите парфем, истражувајте повеќе за мирисите кои ви се допаѓаат. Дали тоа се свежи, цветни или овошни парфеми? Ваквата категоризација ќе ви помогне да го ограничите изборот од самиот старт, а со тоа и ќе ви го олесни купувањето.

Користете зрна кафе

Зрната кафе може и да имаат и друга примена. „Сетилото за мирис може да се презасити од многуте различни дразби, а со тоа и повеќе да не биде способно да ги разликува мирисите“, вели Мориљас. Затоа, пред нанесување на наредниот парфем, најпрвин помирисајте ги зрната кафе, што пак ќе придонесе за прочистување на сензорите за мирис.

Нанесете ги само најомилените парфеми

Во ред е да помирисате неколку парфеми преку тестер-хартивчињата, но доколку некој навистина ви се допаѓа, најдобро е да го напрскате на самата кожа. Ограничете го бројот на два до три парфеми со кои ќе го направите тоа. Инаку, ќе дојде до поклопување на различни мириси и само дополнително ќе се збуните.

Нанесувајте правилно

Парфемот нанесете го на рачниот зглоб. Топлината во оваа точка на телото помага вистински да го доживеете конкретниот мирис. Но, не брзајте со одлуката. На парфемот му се потребни барем 30-на минути за да се откријат трите групи на ноти – горните, средните и основните, кои го даваат целосното доживување на мирисот.

Земете тестери

Сè уште не се одлучивте? Земете со себе тестери од двата омилени парфеми бидејќи секој број над тоа, само ќе ви создаде поголеми конфузии. Дадете си неколку дена за конечна одлука и едноставно купете го она што сметате дека е најдобро за вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар