Како да го носите ланчето „чокер“ на елегантен начин?
Без сомнение, чокерите станаа популарни како никогаш досега. И станаа многу повеќе отколку гранџ парче накит од раните деведесетти. Но, иако овој тренд стана многу деликатен, сè уште знае да биде застрашувачки кога ќе го испробувате за прв пат. Затоа ние сме овде да ви помогнеме. Во продолжение ви предлагаме 5 начини на кои можете да ги носите овие ланчиња како вистинска возрасна и елегантна девојка!
1. Изберете деликатни модели
Можеби ги гледате дебелите златни чокери на секоја втора девојка во градот, но овој модел не е за секого. Наместо него, изберете поелегантно и поделикатно парче коешто ќе можете да го комбинирате и со некои други ланчиња кои сакате да ги носите секојдневно.
2. Обидете се да го заврзите во панделка
Истата работа можете да ја направите и со тенко парче ткаенина од полирана кожа. Едноставно замотајте ја неколкупати околу вратот и заврзете ја во преубава панделка.
3. Нека остане во минималистички стил…
Заврзете го околу вратот и оставете го деколтето чисто и минимално. Ова е навистина совршен начин на кој можете да ја разубавите свилената блуза без преголемо претерување со накитот.
4. Или пак, изберете супер кратко синџирче
И понатаму не сте сигурни дали ќе ви прилега овој тренд? Изберете едноставен, тенок златен модел што ќе има доволно кратко синџирче за да можеме да го класифицираме како „чокер“.
5. Заврзете долга тенка марама
Не можеме да им се нагледаме на свилените марами. Додајте тенка марама, која ќе биде еднаш замотана околу вратот и која ќе го заменува ланчето „чокер“ на најелегантен можен начин. Совршен моден додаток за вашите вечерни, но и работни модни комбинации!