Како да го намалите нивото на стрес во вашиот живот?
Современиот начин на живот носи многу предизвици и стрес. Разните ситуации на работа, семејните обврски, разните задачи, сето тоа влијае на вашето ментално здравје и расположение.
Притисокот и стресот можат негативно да влијаат на вашето тело, ум и дух. Затоа е важно да се трудите секој ден да се намали нивото на стрес преку овие чекори:
1. Нека грижата за себе ви стане приоритет
Исклучително е важно да се грижите за себе. Времето и грижата што ќе си ги посветите можат да ви помогнат да се смирите и да се подготвите за претстојниот ден. Тоа е здрава потреба која секој човек треба да ја има. Постојат основни рутини, вклучувајќи рутини за лична хигиена, рутини за вежбање и време посветено на интересите кои треба да ги вклучите во вашиот секојдневен распоред. Затоа започнете го денот грижејќи се за себе. Пред да направите нешто друго, одвојте неколку минути само за себе и за вашата благосостојба.
2. Планирајте ги подобро вашите задачи
Доколку ве оптоварува вашиот напорен распоред, распределете го вашето време така што ќе им дадете приоритет на секојдневните активности. Овој начин на планирање навистина може да ви помогне. Спротивно на тоа, ако забележите дека вашиот распоред е полн со работи, обидете се да се ослободите од сè што сметате дека е непотребно. Направете листа на работи што би можеле да ги исклучите од вашиот распоред и заменете ги со работи што ви носат мир.
3. Научете да велите НЕ
Запомнете, можете да кажете НЕ без да се чувствувате виновни. Стресот доаѓа од чувството дека треба да направите сè за секого, а ако одбиете, чувствувате дека ги изневерувате другите. Сепак, бидете искрени и кажете НЕ кога навистина го мислите тоа. Ако учтиво одбиете некого, личноста која ве почитува ќе го разбере тоа.
4. Поставете граници
Овој совет е за способноста да им кажете „НЕ“ на луѓето кога не сакате да направите нешто. Границите се концепт кој може да ви помогне да останете здрави и да имате здрави односи. Имате право да поставувате граници не само околу вашето физичко тело и простор туку можете и да поставувате граници со цел да ги одржите во рамнотежа, вашето време и енергија. Ниту еден друг човек не може да одлучи како го трошите вашето време и во што ја вложувате вашата енергија. Мора да си поставите лични граници и да ги почитувате, но и да размислите дали луѓето кои ги прекршуваат заслужуваат да бидат дел од вашиот живот.
Откако ги прочитавте нашите совети за намалување на стресот, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.
Извор: sensa.mondo.rs