Како да го надминете стравот од неуспех?
Стравот од неуспех е нормална работа сѐ додека не стане постојан и не почне да нѐ блокира во намерите да стигнеме до успех на кое било поле. Личностите кои имаат проблем со овој страв честопати дури и ги избегнуваат ситуациите во животот кои не гарантираат успех, не преземаат никакви ризици и на крај животот го претвораат во монотоно искуство без посебна убавина. Сето ова поради тоа што се плашат од моментот кога можеби ќе се покаат за грешката која ја направиле.
За да дознаете дали спаѓате во оваа група можете да го направите следниот тест подготвен од д-р Бил Кнаус. Одговорете со точно и неточно.
- Се плашам дека нема да успеам.
- Премногу играм на сигурно.
- Се плашам дека ќе загубам здив на последниот чекор.
- Се плашам од правење грешки.
- Се плашам од осуда.
- Се плашам дека ќе изгледам како да не разбирам ништо.
- Се плашам дека нема да бидам доволно добар.
- Немам доверба во сопствените способности.
- Многу се вознемирувам кога не сум сигурен во нешто.
- Другите гледаат негативно на мене.
Ако некаде сте одговориле со „точно“, сте го нашле вашето поле за работа кон самоунапредување. За една личност да го надмине стравот од неуспех потребно е активно да работи на полињата каде што има простор за напредок. Според д-р Кнаус најдобар начин за тоа е личноста да се однесува како истражувач, односно да испробува што функционира во животот, а што не. Тој нуди 5 совети за да го постигнете тоа.
- Однесувајте се како научници. Научникот секогаш испитува бројни идеи кои ветуваат добри резултати, но потребно е време додека го пронајде вистинското решение. Исто е и во животот.
- Како и на секој почеток на научно истражување, поставете си прашање. Вашето нека биде: „Што треба да направам за да го надминам стравот од неуспех?“
- Ретко кои ситуации во животот поминуваат толку добро или лошо колку што очекуваме. Очекувајте вашите перформанси да варираат и ќе имате повеќе храброст за идните предизвици.
- Запрашајте се што значи да не успеете. Одговорот е дека тоа значи дека не сте успеале да одговорите согласно одреден стандард според кој го мерите вашиот успех во животот.
- Луѓето кои се плашат од неуспех секогаш се потчинуваат на високи стандарди за човечката вредност. Тие не можат да одговорат на следното прашање: Ако ја цените човечката вредност и достоинството, тогаш зошто се потчинувате на толку високи стандарди кои ве спречуваат да ја искусите таа вредност и достоинство? Оттука веќе ќе можете да тргнете на патот кон самоунапредувањето и надминувањето на стравот од неуспех.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.