Како да го надминете стравот од летање со авион?
Повеќето од нас едвај чекаат да дојде време за летниот одмор, но стравот од летање може да додаде доза анксиозност на целото уживање. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат барем малку да го надминете овој страв.
1. Пребарајте информации за начинот на кој летаат авионите
Многу луѓе се плашат од летање бидејќи потсвесно мислат дека огромно метално нешто не може да остане во воздухот. За да ги отстраните овие сомнежи, научете нешто за тоа како работи авионот. Ќе дознаете дека:
- Авионите остануваат во воздухот како и автомобилите на автопатот.
- Турбуленцијата е движење на воздухот, исто како кога има некоја дупка на патот.
- Летовите на авионите се детално испланирани и нема шанси два авиона да се судрат.
2. Истражете повеќе за статистиките
Статистиката е ваш пријател бидејќи шансите да загинете во авионска несреќа се екстремно мали (1:30 милиони). Покрај тоа:
- Полесно е да умрете од труење од храна отколку од авионска несреќа.
- Најопасно средство за транспорт е автомобилот. Авионот е околу 6.000 пати побезбеден.
- Во овој момент има околу 13.000 авиони на небото и на секој од нив има барем еден патник кој е исплашен како вас.
3. Подгответе се за искуството
Паниката најчесто е поради новото искуство. Нашето тело може да реагира чудно на притисокот, па добро е да знаете што ќе се случува со него во текот на летот.
- Нормално е да почувствувате мала промена во телото.
- Големата брзина кога авионот полетува и слетува е нормална работа.
- Крилата на авионот се мрдаат во текот на летот.
- Кога ќе ја достигне потребната висина, може да чувствувате дека авионот застанал, иако тоа не е точно.
4. Научете како функционираат аеродромите
Ќе се чувствувате посмирено кога ќе видите колку многу луѓе летаат секој ден.
- На секои 5 години има детална проверка на авионите.
- Авионите се проверуваат пред секој лет.
- Внатрешни проверки има на секои 3 месеци.
5. Летајте почесто
Луѓето кои се плашеле од летање изјавиле дека стравот исчезнува после неколку патувања со авион.
6. Летајте виртуелно
Можеби звучи смешно, но според едно истражување виртуелните летови помагаат да се адаптирате на реалните. Ако не можете да летате често во реалноста, зошто да не се забавувате виртуелно?
Продолжува на следната страница…