Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

Наоѓањето накит кој совршено одговара на вашиот тен може да биде малку тешко и комплицирано, но со помош на следниве 7 совети вие ќе можете многу полесно и побрзо да го најдете вашиот совршен моден додаток со чија помош полесно ќе се издвоите од останатите…

Како да го изберете совршениот накит според видот на вашата кожа?

1. Откријте кој е вашиот тип кожа

Пред да почнете со потрагата по совршениот накит, прво треба да одредите дали вашиот тен спаѓа во потоплите или во поладните нијанси. Постапката е всушност многу едноставна. Погледнете ги вените на вашите зглобови. Доколку тие се со сина боја, тогаш припаѓате на ладните нијанси, но ако повеќе влечат кон зеленикава боја, тогаш вие имате топла нијанса на тенот. Уште еден начин на кој можете да го утврдите видот на вашата кожа е доколку поставите една златна и една сребрена обетка на вашата кожа и да забележите која боја повеќе одговара на вашиот тен. Многу е важно ова да го направите на природно светло со цел ефектот на нијансите врз вашиот тен да биде поуочлив.

2. Ладни тонови

Во палетата на боите, помеѓу ладните спаѓаат сребрената, зелената и сината, па ако изберете накит во било која од овие бои тие без сомнение ќе изгледаат фантастично врз вашата кожа. Истовремено, можете да пробате и со различни нијанси розова и црвена боја, но не заборавајте дека поладните тонови повеќе ќе сјаат на вашата кожа.

3. Топли тонови

Ако имате топла нијанса на тенот, боите кои повеќе ќе ви одговараат се жолта, златна, розова и црвена. Но, вие нема да згрешите ако одберете и дијамант. Секако, можете да експериментирате и со поладните тонови, но топлите се оние кои со сигурност ќе се истакнат врз вашата кожа.

4. Потемен тен

Ако имате потемен тен на кожата, тогаш пред вас имате огромен избор за накит. Било која посветла нијанса која ќе ја одберете совршено ќе изгледа врз вашата кожа. Потемните бои нема да можат толку да дојдат до израз, но затоа со светлите никогаш не можете да згрешите. Особено ако се одлучите за белата боја.

5. Посветол тен

За овој вид кожа најдобро е да одбирате бои во нијанси кои се посветли од вашиот тен. Нежните тонови се вистински избор за вас, бидејќи темните или исклучително светлите бои можат да изгледаат премногу нападно на вашата кожа. Секако, не треба да се откажувате целосно ни од нив, па доколку ви се покаже можност за постигнување таков ефект, тогаш дефинитивно треба да ја искористите.

6. Средна нијанса на тенот

Ако имате ваков тип кожа, тогаш вие без сомнение имате најголем избор. Слободно можете да ги носите скоро сите бои и нијанси кои ќе ги посакате. Всушност, ако се определите за сребрени или златни тонови, обидете се да го вклопите и останатиот дел од вашиот изглед со тенот, со цел да привлечете поголемо внимание.

7. Накитот и бојата на косата

Бојата на вашата коса е исклучително важна за накитот, особено ако размислувате за ѓердан или обетки. Црвената боја на коса одлично одговара со нијансите кои асоцираат на вода – сина, азурна, тиркизна, зеленикава… Сребрените тонови најдобро се истакнуваат на потемна коса, додека пак, за блондинките најдобро одлучуваат нијансите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар