Како да го искористите слободното време со пријателките ова лето?
Заврши школската година и немате веќе обврски за на училиште или факултет па пред вас е цело лето кое може да го поминете правејќи сè што сакате. Како да не го минете залудно ова слободно лето, истовремено креирајќи прекрасни и незаборавни спомени од вашето дружење?
1. Основајте книжевен клуб
Големи се придобивките од читањето книги како и од основањето книжевен клуб. Соберете ги вашите пријатели кои се љубители на добри книги и основајте ваш книжевен клуб. Тоа ќе биде супер причина да се собирате макар еднаш неделно на кафе и да разговарате за омилените книги и автори како и за конкретна книга која сте ја прочитале изминатата недела.
2. Направете неколку летни журки/собиранки со различни теми
Без разлика дали подготвувате журка за повеќе луѓе или само за најблиските пријателки, направете да биде незаборавна. Забавите нека бидат со одредена причина или повод и тематски смислени. За совети како да подготвите совршена летна забава кликнете тука.
3. Не пропуштајте ги театрите и забавите на отворено
Доколку сте љубители на театарот задолжително присуствувајте на театарските претстави што се организираат во вашиот или пак во друг град. Потоа може да ги споделите вашите впечатоци и импресии. Исклучок не се и забавите на отворено бидејќи од летните журки ретко кој не заминал со добри спомени.
4. Направете дневник за ова лето
Купете голема тетратка каде ќе споделувате мисли, шеги и анегдоти кои не смеат да бидат заборавени. Може да лепите и слики. Кога по повеќе години ќе се навратите на вашиот дневник ќе се смеете до солзи.
5. Испробајте кул летни фризури и стилови
Летото е време кога може слободно да испробувате нови стилови. Променете го вашиот стил во нешто што навидум воопшто не сте вие и видете како ќе ви годи. Менувањето на стилот е еден начин да го истакнете вашето алтер его. Летото е период кој ви дозволува да бидете слободни и луди. Кога од есен ќе се вратите на своите обврски може да бидете оние старите, но секогаш со себе ќе ги имате летните лудории.
6. Волонтирајте заедно
Зачленете се во организација каде ќе може да волонтирате и да придонесете за нечија благосостојба. Ќе направи да се чувствувате добро за самите себе, ќе ширите познанства, искуства, ќе го зајакнете вашето другарство и ќе знаете дека времето не ви минало залудно.
7. Испланирајте незаборавно патување
Заштедете макар за еден викенд настрана од вашето постојано место на живеење и не заборавајте да направите безброј фотки кои ќе го обележат вашето незаборавно летување.
8. Пишувајте кратки приказни
Одличен начин да го минете времето заедно и да ја усовршите вашата способност за пишување. Почнете вие една приказна и оставете ја до пола, нека ја продолжи вашата другарка која подоцна ќе ја предаде на друга од пријателките. Којзнае што ќе напишете на крај. Ако ништо друго, барем добро ќе се насмеете.
9. Помогнете си во преуредување на вашите соби
Кога веќе рековме дека летото е време за промени, истото важи и за вашите соби. Оваа недела ја менувате собата на една од пријателките. Што би промениле, што би одзеле, што би додале? Можеби ќе заминете до таму што ќе менувате бои на ѕидовите. Не е важно, важно ќе се забавувате и ќе си помогнете една на друга.
10. Рачно изработувајте предмети и украси
Време е вашата креативност да работи со полна пареа. Изработувајте предмети од глина или хартија. Доколку добро се усовршите може дури и да ги продавате што ќе му годи на вашиот буџет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.