Како да го отстраните мирисот на цигари од дома?

Како да го отстраните мирисот на цигари од дома?

Ако не пушите, сигурно е дека мирисот на цигари многу ви пречи и го чувствувате секогаш кога некој пријател – пушач ќе ви дојде на гости. Тогаш останува оној непријатен мирис на чад во домот од кој сакате да се ослободите најбргу што може. Тој мирис се лепи на завесите, теписите, мебелот и други места и може да се отстрани оттаму. Тоа можете да го направите на два начина: со длабинско чистење, во ситуациите кога многу е задушливо, или со друг побрз метод, кога количината на чад овозможува тој да излезе побргу.

Како да го отстраните мирисот на цигари од дома?

Длабинско чистење

1. Започнете со бришење на мебелот и исчистете го каучот.

2. Симнете ги завесите за да ги исперете и не заборавајте да употребите омекнувач.

3. Дрвениот мебел и паркетот избришете го со малку оцет. По некое време неговиот мирис ќе исчезне, а во меѓувреме ефикасно ќе го впие мирисот на цигари.

4. Кога станува збор за ѕидовите, размислете за тоа почесто да ги бојосувате и потоа да ги премачкате со нешто кое ќе го спречи впивањето на чадот.

5. Прозорците нека ви бидат отворени додека чистите, затоа што така дело од чадот сам ќе излезе и ќе ве поштеди од малку работа.

Брзо чистење

1. Запомнете да проветрувате уште додека гостите кои пушат се кај вас. Така дел од чадот ќе излезе уште пред да се впие во домот.

2. Оваа појава ќе ја превенирате и со плаење на миризливи свеќи

3.  Поставувајте садови со активен јаглен на неколку места низ куќата, особено таму каде што се пуши.

4. Друг добар метод е во собата која е полна со чад да ставите сад со оцет на кој сте додале и малку етерично масло.

5. Можете да ставите кора од лимон и портокал во вода на оган, да ја зовриете и додека уште испарува да ја ставите во задушливата соба.

6. Користете некаков апарат за прочистување на воздухот. Тие прават голема разлика.

7. Ставете малку сода бикарбона по мебелот и каучот. Тој вечерта ќе го впие мирисот, а утредента треба само да ги поминете со правосмукалката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Lea Reply

    Lugje citam i ne veruva. Pa zarem e tolku tesko da im se kaze na lugjeto deka ne sakate da vi pusat doma? Kratko i jasno!

Остави коментар