Како да го исчистите филтерот од кујнскиот аспиратор?

Како да го исчистите филтерот од кујнскиот аспиратор?

Дефинитивно нема место во домот што содржи повеќе мрснотии од филтерот од кујнскиот аспиратор. Покрај вентилацијата на просторот и вшмукување на непријатните мириси, кујнскиот аспиратор неизбежно собира голема количина мрсни честички затоа што се наоѓа во непосредна близина на шпоретот.

Како да го исчистите филтерот од кујнскиот аспиратор?

Потребно е да го чистите филтерот често и темелно за вашиот аспиратор да трае подолго. Но, не е лесна работа ниту отстранувањето на филтерот, ниту чистењето на тврдокорните дамки.

Ако често го миете филтерот од кујнскиот аспиратор, тогаш можеби сте се нашле во ситуација да можете да го ставите во машина за миење садови и да го измиете како останатите садови, под услов неговата големина да одговара на вашата машина за миење садови и да нема премногу мрснотии на себе.

Ако го испробавте овој едноставен трик и сепак не успеавте да го исчистите филтерот, време е да пробате нешто уште поедноставно. Одете во првата продавница каде што има производи за заштита и нега на автомобили и купете одмрснувач за автомобили на база на вода. Кога ќе се вратите дома, наполнете ја кадата со топла вода или некој поголем сад што е доволно голем за да го собере целиот филтер и ставете го одмрснувачот внатре, а потоа натопете го филтерот и оставете го неколку минути. На крајот, само исплакнете со чиста вода и уверете се во ефикасноста на овој трик.

Погледнете ги овие 4 врвни начини за чистење на мрснотиите од решетката од рерната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар